За што сè можете да го употребите јаболковиот оцет?

Истражувањата покажаа дека јаболковиот оцет има анти-габични и анти-воспалителни својства, особено ако додадете лук и масло од чајно дрво.

Korisni-upotrebi-na-jabolkoviot-ocet-01

Покрај тоа овој оцет има, исто така, и смирувачки ефект на нервниот систем.

Наутро е корисно да се пие една лажичка јаболков оцет измешана со мед во чаша вода.

Болните зглобови можете да ги масирате со мешавина на јаболков оцет и маслиново масло. Исто така, оцетот е корисен за намалување на отоците - на парче газа нанесете чист јаболков оцет и ставете го врз отокот минимум 15 минути.

При првите знаци на настинка, се разредува лажичка оцет во вода и се пие неколку пати на ден.

Покрај овие познати се и други корисни дејства на јаболковиот оцет:

Женска интима

Ако страдате од габични инфекции, домашниот јаболков оцет е добар за миење на интимните делови, но прво треба да се разреди со вода и исто така може да се пие како тоник.

Природен дезодоранс

Доволно е да ги избришете пазувите со газа натопена во јаболков оцет еднаш дневно, бидејќи тој има антибактериско дејство.

Проширени вени

Ако имате проблеми со вените, многу е корисно штом станете да ги измасирате со јаболков оцет правејќи кружни движења по нозете. Постапката се повторува и навечер пред спиење.

Слабеење

Јаболковиот оцет е особено популарен во борбата со вишокот тежина, бидејќи му помага на организмот да го разгради вишокот масти, додека пак оцетна киселина неутрализира одредени ензими кои го стимулираат формирање и таложење на маснотии, а со тоа го подобрува „топење“ на вишокот килограми.

Има поволно дејство на циркулацијата на крвта, го штити срцето и крвните садови и го намалува ризикот од згрутчување на крвта и помага во регулирањето на нивото на холестерол и висок крвен притисок.

Употреба во козметиката

Јаболковиот оцет помага за дезинфекција на усната празнина, па слободно можете да ги исплакнете забите со раствор од една лажичка оцет во чаша вода.

Исто така корисен е и за испукани и суви раце, така што можете да направите смеса од оцет и маслиново масло во еднакво делови и да ги мачкате рацете после секое миење.

За здрава и бујна коса

По миењето на косата избришете ја со крпа. Во 125 ml топла вода додадете 4 лажици оцет разреден и распоредете ја убаво смесата по целата коса. Оставете да делува 10 минути и исплакнете со топла вода. Ќе забележите дека косата ќе ви стане сјајна и поцврста.

Сепак, имајте на ум дека оцетот не се препорачува за луѓе со чиреви во желудникот и хранопроводот, а исто така не смеат да го користат луѓе кои имаат проблеми со црниот дроб и бубрежната функција.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg