Рани знаци на настинка и како да се заштитите пред да легнете болни

Ако ви е смачено постојано да настинувате, тогаш време е да научите неколку техники за превенција.

10-rani-znaci-na-nastinka-i-kako-da-se-zastitite-pred-da-legnete-bolni-1.jpg

Ќе се изненадите дека воопшто не е тешко да спречите појава на настинка.

Сè што треба да направите е да воведете мали промени во вашите секојдневни навики и да му кажете збогум на болното грло, затнатиот нос и здодевната кашлица!

Секоја болест има свои знаци кои може да се наречат пред-симптоми и кои го навестуваат нејзиното доаѓање. Ако научите на време да ги препознавате, тогаш ќе можете на време да реагирате и да ја спречите нејзината појава…

Ова се првите знаци дека настинувате и начините како да го спречите тоа:

1. Вашата енергија се намалува

Ова особено се забележува на работното место, кога има потреба од одржување рамнотежа на енергијата со цел да се завршат обврските на време. Ако на крајот на денот се чувствувате поуморно од вообичаено, има шанси да развивате настинка.

Решение: Најдете време да се одморите и опуштите. Хроничниот стрес го уништува имунитетот, правејќи го неспособен да се избори против болестите.

2.  Почнувате да чувствувате „гребење“ во грлото

Настинките претставуваат болести на респираторниот систем и затоа најдобро можат да се препознаат во горниот дел од телото. Секако, тука на мета прво е грлото.

Решение: Правете гаргара со солена вода. И покрај тоа што може да ви звучи смешно, оваа навика ќе ви помогне да го намалите воспалението и насобирањето на мукоза.

3. Почесто го дувате носот

Ако го правите ова почесто, тогаш нема сомнение дека е во прашање настинка. Областите околу носот и синусите се првите што ги манифестираат симптомите на вирусот на настинка.

Решение: Бањајте се во жешка вода – тоа е најдобриот лек за сите назални симптоми. Пареата од жешката вода го намалува отекувањето во назалните мембрани и го олеснува дишењето.

4. Притисок во синусите

Многу често може да почувствувате болка или притисок околу синусите доколку развивате настинка. Симптомите вклучуваат главоболка, притисок, насолзени и уморни очи.

Решение: Јадете пилешка супа, бидејќи електролитите што ги содржи, како и комбинацијата од топлина и сол се одлични за хидратација.

5. Имате затнат нос

Ако забележите дека не можете да дишете лесно преку носот, веројатно назалните патишта се предмет на вирусна инфекција. Важно е да се справите со овие симптоми пред настинката целосно да се развие.

Решение: Пијте многу течности. Хидрирањето на телото ќе овозможи постојано навлажнување на назалните мембрани.

6. Почесто кашлате

Честопати знаеме да го негираме кашлањето како многу важен знак кој покажува дека нешто се случува во нашето тело. Честото кашлање, во никој случај не остава сомнеж за тоа.

Решение: Подигнете ја вашата глава на повисоко – со перници. Лежењето на рамна површина дозволува затнување во синусите и иритација на грлото, што е несакана последица од силата на гравитацијата.

7. Чувствувате притисок во градите

Како што вирусот се спушта надолу, многу често може да предизвика чувство на притисок во градите. Понекогаш овој притисок е минимален што одвај се забележува.

Решение: Започнете со лесни вежби. Многу истражувања покажуваат дека физичката активност може да ве ослободи од многу болести и да ги намали симптомите на истите.

8. Се чувствувате многу уморно

Кога нашето тело е мета на вирусно заболување, имунитетот значително ни опаѓа што резултира со чувство на преголема умореност и исцреност.

Решение: Убаво наспијте се. Добриот сон помага телото да се одмори и да ја акумулира потребната енергија за борба со настинката. Едно истражување покажало дека луѓето кои спијат по помалку од 7 часа на ден имаат трипати поголеми шанси да се разболат од настинка.

9. Имате нарушено спиење

Кога се разболуваме, вирусите дејствуваат и врз нашиот сон. Ова воопшто не изненадува со оглед на тоа што нашите тела имаат вроден талент да детектираат кога нешто не е во ред. Ако ви се случува често да се будите во текот на ноќта, тоа е знак дека во вашето тело се развива некаква болест.

Решение: Консумирајте чај од корен на валеријана. Ова растение се користело со векови како средство за смирување на телото и подобрување на сонот.

10. Се чувствувате „исклучено“

Тешко ви е да го перципирате она што се случува околу вас, бидејќи имате чувство како тоа да не допира баш до вас. Ова е многу чест симптом кај настинките, бидејќи телото се бори со вирусите и ја користи сета енергија која ја има во себе.

Решение: Внесувајте витамини. Витаминот Ц и цинкот ќе го намалат траењето на болеста, а витаминот Д ќе ви помогне да ја спречите појавата на настинка.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg