3 сокови за појадок кои ќе ви дадат енергија секое утро

За нашиот организам да функционира беспрекорно преку целиот ден потребно е да му се посветиме уште од самото станување од креветот. Без оглед на тоа каков став имаме кон првиот утрински оброк, тој најмногу влијае врз нашето здравје. Токму поради тоа треба да ги избегнуваме т.н. калориски ’бомби’, односно намирниците полни со шеќери и масти и да се насочиме кон здравите производи. Витамините, минералите, ензимите и другите хранливи материи имаат витална улога во производството на енергија и недостатокот на било кој од нив може да има сериозно влијание врз тоа како се чувствуваме во текот на денот.

3-sokovi-za-pojadok-koi-ke-vi-dadat-energija-sekoe-utro-001.jpg

Свежото овошје и зеленчук се најдобриот извор на здрава храна која што треба да ја консумираме наутро. Сепак, со цел што повеќе и поразновидни видови на овошје и зеленчук да внесеме наеднаш во нашиот организам треба истите да ги исцедиме. Во светот веќе некое време се популарни соковите од свежо цедено овошје и зеленчук. Заговорниците на здравата исхрана тврдат дека овие сокови го зајакнуваат имунолошкиот систем и дури спречуваат развој на канцер.

Уникатната природа на свежо цедените сокови од овошје и зеленчук го прави цедењето особено ефективно за оние кои чувствуваат недостаток на енергија во текот на денот. Природните домашно цедени сокови се одлична замена наутро за кафето, шеќерите и кофеинот. Сепак, за да го извадиме максимумот од овошјето и зеленчукот најдобро е сокот да го добиеме со ладно цедење на намирниците. Ова го овозможува MicroMasticating технологијата која цеди 90% од сокот, ги дроби состојките на мали парчиња, цеди нежно, ослободувајќи сок и цеди во микроскопски размер, ослободувајќи уште повеќе хранлив сок преку поголем притисок. Сето ова го нуди Masticating џусерот на Philips кој цеди овошје, зеленчук, а дури и јаткасти плодови.  

Во продолжение откријте ги 3-те најдобри рецепти за природни домашни сокови кои ќе ни ја дадат потребната енергија за целиот ден.

1. Енергична утринска бомба

Овој природно цеден сок ќе нè снабди со A, B, C, E витамини и притоа ќе го зајакне нашиот имунолошки систем.  

Потребни состојки: Јаболко, круша, вишни (може и замрзнати) и банана 

3-sokovi-za-pojadok-koi-ke-vi-dadat-energija-sekoe-utro-1.jpg

2. Антиоксиданси во чашка за енергично утро

Шумските овошја се познати по нивната богата хранлива вредност и се одличен додаток во секоја исхрана. Нив можете да ги јадете за време на ужина или пак да си направите витаминско смути наутро. Боровинките, малините и капините се најпопуларни меѓу шумски овошја, но аронијата е таа која е најздрава.

Потребни состојки: Боровинки (може и замрзнати), јагоди (може и замрзнати), аронија (може и замрзнати) и банана.

3-sokovi-za-pojadok-koi-ke-vi-dadat-energija-sekoe-utro-2.jpg

3. Инстантен енергичен домашен сок за отворање на очи

Свежите овошја имаат шеќери кои за разлика од вештачките шеќери се добри за нашето здравје и истите го снабдуваат нашиот организам со енергија.

Потребни состојки: Банана, вишни (може и замрзнати), кајсии и кокосова вода.

3-sokovi-za-pojadok-koi-ke-vi-dadat-energija-sekoe-utro-3.jpg

3-sokovi-za-pojadok-koi-ke-vi-dadat-energija-sekoe-utro-4.jpg

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg