10 предупредувачки знаци дека е време да направите промена во животот

Во животот секогаш постои одреден момент што делува како катализатор и предизвикува сериозна промена. Понекогаш тоа е добра ситуација, но најчесто се лоши симптоми кои се провлекуваат секојдневно, полека гризејќи и уништувајќи ве.

10-predupreduvacki-znaci-deka-e-vreme-da-napravime-promena-vo-zivotot-01.jpg

Клучот е да препознаеме како се чувствуваме, а доколку преовладуваат чувства на нервоза, незадоволство и горчина, време е за промена во животот.

Еве ги 10-те предупредувачки знаци кои укажуваат дека нешто не е во ред со нас:

Се ужаснувате од помислата дека треба да одите на работа

Нормално дека некои денови не ни се оди на работа. Но, доколку ова чувство ве следи 4 од 5 работни дена, време е за одмор, подолга пауза и план што понатаму. Промена на работното место или промена на ставот во врска со работата, вие сте на потег.

Живеете во минатото или премногу сонувате за иднината

Едноставно не живеете во сегашниот миг и по секоја цена да обидувате да избегате од реалноста. Запаметете дека тој што живее во минатото е тажен, а тој што не може да ја дочека иднината е нервозен. Нема ништо лошо во сонувањето, но најскапоцен е сегашниот миг. Обидете се да го живеете најквалитетно што можете.

Луѓето постојано ви велат да се опуштите

„Олабави се“, „Дај опушти се малку“, „Релаксирај се“, „Напиј се нешто...“. Дали постојано ги слушате овие коментари? Тие се само уште еден суптилен и културен начин да ви се каже „Премини преку нештото, има и поважни работи“. Време е да престанете грчевито да се држите околу одредена работа или тема, понекогаш едноставно не е вредно.

Љубоморни сте на туѓиот успех

Љубомората е знак на незадоволство и нема врска со успехот и достигнувањата на другите луѓе. Тешко е да се радувате на туѓиот успех, кога се чувствувате „заглавени“ во сопствениот живот. Време е да се запрашате зошто чувствувате толкава горчина поради туѓите успеси?

Се будите уморни

За да се одморите добро, потребно е умот да би биде „празен“, наместо со натрупани грижи и незадоволства од животот. Доколку се будите уморни, тоа е знак на борба и напрегање, а полошото сценарио е дека сте веќе уморни од битките и подготвени за признавање пораз. Наместо да кренете бело знаменце, размислете како да направите промена на подобро.

Животот е скроен да се живее што е можно посреќно, а уморот не е среќа.

Постојано сте нервозни

Или изнервирани. Или лесно раздразливи. Постојано имате чувство и потреба а одите некаде и да правите нешто, или ќе полудите во спротивно. Неспособноста да седите мирно за момент и да бидете задоволни со она што го имате е знак дека можеби треба да правите нешто друго и дека креативноста полека се задушува во вас.

Озборувате многу често

Озборувањето најчесто го рефлектира следново: Наместо да се занимавате со себе, вие се занимавате со други луѓе и туѓи животи. Лесно е да зборуваш за проблемите на другите луѓе, на тој начин го одвлекуваш вниманието од себе и реалниот проблем.

Сите околу вас ве нервираат

Родителите, пријателите, роднините. Колегите на работа. Но, не може 20 луѓе да не чинат, а само вие да сте во право. Признајте си макар сами на себе дека нешто мора да промените, за да не завршите целосно изолирани и несреќни.

Имате постојано лошо претчувство

Една работа е да имате добра интуиција, а друга постојано да се подготвувате за нешто лошо, дури и кога нема реална основа за тоа. Престанете да се грижите толку многу и да се труете со негативни мисли. Фокусирајте се на позитивни и корисни работи.

„Мора да има нешто повеќе од ова“

Постојано се опседнувате со оваа мисла. „Мора да ми се случи нешто поголемо, подобро, поубаво, животот не е фер, заслужувам повеќе“.

И додека оваа реченица ви минува низ мислите, а не правите ништо за да го постигнете, пасивно ги минувате деновите додека потајно се фрустрирате.

Секогаш има нешто повеќе, секогаш може да биде подобро. Но, треба да го побарате. Вредно да работите, да се вложите себеси. Не можете да спиете, а можностите сами да дојдат и да ви тропнат на вратата.

 
Конечната цел? Направете промена или прифатете ги нештата онакви какви што се, со изменета перцепција во вашата глава. Во секој случај, пронајдете го она што ви одговара и усреќете се. Животот е прекраток за пасивност и жалење.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg