Зошто е корисно да спиете во ладна соба?

Дали знаевте дека температурата во просторијата во која спиете има големо значење? Многумина мислат дека ако добро ја загреат собата пред да си легнат - спиењето ќе им биде подобро, но грешат.

zosto-e-korisno-da-spiete-vo-ladna-soba-1.jpg

Научниците мислат спротивно. Според истражувањата идеалната собна температура за спиење е некаде помеѓу 16 и 19 степени.

Па, што добивате ако ја намалите температурата за неколку степени?

1. Го намалувате и ризикот од дијабетес

Телото ќе ви каже благодарам, затоа што на тој начин го намалувате ризикот од дијабетес.

Бил спроведен експеримент чии резултати покажале дека метаболизмот на луѓето кои спијат во ладни соби е побрз и подобар, а исто така и калориите побрзо се согоруваат. Овие два факти водат до заклучокот дека се намалува и ризикот од дијабетес.

zosto-e-korisno-da-spiete-vo-ladna-soba-2.jpg

2. Ќе изгледате помладо

Високата температура го блокира ослободувањето на мелатонин. Овој хормон пак го забавува процесот на стареење. Што значи, ако спиете во студена просторија, ќе се лачи повеќе, а вие ќе изгледате младолико.

3. Побрзо ќе заспиете

Покрај здравствените придобивки, добивате и практична корист. Ќе може да заспиете многу брзо, бидејќи на телото нема да му треба прилагодување.

Пробајте уште денес да заспиете во ладна соба.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg