Што му се случува на телото кога не спиете доволно?

Со толку многу обврски, често свесно одлучуваме да се лишиме себеси од сон, односно или одлучуваме да си легнеме подоцна или стануваме порано.

shto-se-slucuva-koga-kje-reshite-deka-ne-vi-treba-son-01.jpg

Но, добро знаеме дека тоа воопшто не е здраво.

Како за почеток, важно е да знаете колку часови сон ни се потребни според возраста:

shto-se-slucuva-koga-kje-reshite-deka-ne-vi-treba-son-1.jpg

Што се случува кога не спиете доволно?

1. Полесно и побрзо се разболувате. Нашиот имунитет директно зависи од сонот, а недостатокот од сон прави телото потешко да се бори против болестите.

2. Побавно размислувате. Поточно, потешко размислувате логички и не реагирате брзо, а тоа може да биде и опасно, ако се случи кога ви е потребна брза реакција.

3. Се дебелеете. Посебно ако спиете помалку од 5 часа во текот на еден ден.

4. Кожата ви старее.  Добивате брчки, испукани капилари, дамки, акни, општо, целото тело старее побрзо.

5. Ризикувате да добиете кардиоваскуларни заболувања.

6. Ризикувате да добиете рак.

7. Ви се намалува сексуалниот нагон. Пред сè затоа што се намалува нивото на тестостерон во крвта.

8. Лесно заборавате. Кога спиеме, мозокот ги организира информациите кои ги стекнал, а ако не спиеме доволно, нема време да го направи тоа и секако, забораваме работи.

Што можете да направите околу тоа?

Во главно, постои едно решение, треба да почнете да спиете повеќе.

Но, исто така, постојат работи кои можат да ви помогнат полесно да заспиете, како: дишење свеж воздух, повеќе движење во текот на денот, намалување на стресот, нејадење пред да легнете...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg