Кое е идеалното време во денот за различни активности, според возраста?

Очигледно постои идеално време за сè во текот на денот, па дури и за одбирање на нов парфем.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-001.jpg

Но, бидејќи вашиот биолошки часовник се менува низ годините, ви помагаме да си го составите идеалниот дневен план соодветно возраста.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-1.jpg

Во 20-ите

9:30 - кога хормонот за полесно будење го надминува количеството на мелатонин, хормонот за спиење.

Во 30-ите

8:10 - вашиот биолошки часовник ги започнува сите процеси околу 8 часот.

Во 40-ите

7:50 - вашиот биолошки часовник постепено почнува да подранува.

Во 50-ите

7:00 - на овие години, немате потреба од долг и длабок сон кога ќе се раздени.

После 60-ите

6:30 - вашето тело е далеку поспособно за активности во раните утрински часови, бидејќи се изморува со самото заоѓање на сонцето.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-2_copy_copy.jpg

Во 20-ите

10:00 - бидејќи младите луѓе го прескокнуваат раниот појадок, ова е идеално време за првиот оброк во денот. Тогаш чувствувате глад за првпат во денот.

Во 30-ите

8:40 - идеално време за појадок ако избегнувате шеќери и нездрави масти.

Во 40-ите

8:20 - богатиот појадок со влакна ќе ве засити подолго.

Во 50-ите

7:30 - метаболизмот се забавува за 5% во секоја декада, па ова е идеално време за појадок без таложење на вишок наслаги.

После 60-ите

7:00 - идеално време да измешате неколку калории плус со плодови кои содржат антиоксиданси. Така ќе имате доволно енергија.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-3_copy.jpg

Во 20-ите

12:00 - на пладне мозокот е најпродуктивен. Иако на шефот веројатно нема да му се допадне овој факт.

Во 30-ите

10:40 - импулсивноста и будноста тогаш ви се на највисоко ниво.

Во 40-ите

10:20 - доволно за да бидете активни без да ви се приспие.

Во 50-ите

9:30 - нивото на свесност и концентрација тогаш го достигнуваат максимумот.

После 60-ите

9:00 - мозокот ви е најактивен рано наутро.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-4_copy.jpg

Во 20-ите

15:30 - бидејќи го започнавте денот подоцна, ова е идеално време за да го наполните горивото одново.

Во 30-ите

14:10 - храната ви е максимално истрошена од појадокот, па ова е одлично време да направите нови резерви.

Во 40-ите

13:50 - ручекот во ова време ви помага полесно да се справите со падот на енергија кој ви се случува попладне.

Во 50-ите

13:00 - на овие години, подобро е да јадете обилни оброци што порано.

После 60-ите

12:30 - стомакот веројатно ви е чувствителен, па не би било лошо да појадувате не подоцна од пладне.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-5.jpg

Во 20-ите и 30-ите

15:40 - совршено време за 20-минутна пауза и дремка, без да се чувствувате поспано.

Во 40-ите, 50-ите и 60-ите

14:00 - откако ќе ручате, големи се шансите да ви се приспие. Па, наместо да посегнете по чаша кафе, дремнете.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-6.jpg

Во 20-ите

17:00 - тогаш имате најмногу енергија.

Во 30-ите

19:00 - на овие години, подобро е да се раздвижите при крајот на денот.

Во 40-ите

20:45 - се препорачува да бидете активни пред спиење, за да ја подобрите циркулацијата на крвта.

Во 50-ите и 60-ите

20:00 - лесните активности како јога или движење низ двор имаат најдобро влијание доцна навечер.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-7.jpg

Во 20-ите

20:00 - на овие години концентрацијата и инспирацијата може да се јави доцна попладне, затоа работниот ден може да ви заврши подоцна.

Во 30-ите

18:40 - доколку ви треба концентрација за работа, таа е најдобра до ова време.

Во 40-ите

18:20 - енергијата од ручекот ви трае до тогаш.

Во 50-ите

17:30 - концентрацијата трае малку по 17 часот, кога почнува да се развива заборавеноста предизвикана од рано започнатиот ден.

После 60-ите

17:00 - ако сè уште работите, ова е идеално време за престанување.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-8.jpg

Во 20-ите

20:30 - бидејќи умот сè уште ви е преокупиран со работните задачи.

Во 30-ите

22:00 - ако ги користите по 22 часот, големи се шансите негативно да ви влијаат на сонот.

Во 40-ите и 50-ите

21:30 - ова е времето кога треба да го изгаснете мобилниот, но и телевизорот.

После 60-ите

21:00 - бидејќи очите ви се чувствителни на светлината.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-9.jpg

Во 20-ите

21:30 - за да добиете енергија која ќе ви треба до крајот на вечерта.

Во 30-ите

20:10 - на овие години, најдобро е да вечерате час и половина откако ќе завршите со работа.

Во 40-ите

19:50 - идеално време за телото да ја свари внесената храна.

Во 50-ите

19:00 - ако последниот оброк ви е во 19 часот, го намалувате ризикот од кардиоваскуларни болести.

После 60-ите

18:30 - раната вечера е најдобар начин да се заштитите од проблеми со срцето и дигестијата.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-10.jpg

Во 20-ите

15:00 - либидото ви е на врвот од активноста попладне.

Во 30-ите

8:20 - кај жените и мажите на оваа возраст, хормоните се најразвиени наутро.

Во 40-ите

22:20 - сексот во ова време ветува релаксација и одмор.

Во 50-ите

22:00 - со толку многу утрински активности, сексот во ова време служи за опуштање.

После 60-ите

20:00 - доволно време по вечерата, идеално за релаксација во пар.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-11.jpg

Во 20-ите

23:00 - имате висока толеранција на алкохол, па важно е само да не пиете 4 часа пред да си легнете.

Во 30-ите

20:00 - и на овие години алкохолот го прифаќате релативно добро, па нема да имате проблем ако се напиете некоја чашка околу вечерата.

Во 40-ите и 50-ите

18:00 - функциите на телото се забавуваат, а тоа значи дека ви треба подолго за да го испроцесирате алкохолот.

После 60-ите

18:00 - ако сакате да испиете некоја чашка, тоа е најдобро да го направите на полн стомак.

koe-e-idealnoto-vreme-vo-denot-za-razlicni-aktivnosti-spored-vozrasta-12.jpg

Во 20-ите

1:00 по полноќ - важно е да ги исклучите сите електронски уреди и да сте вечерани за мирно да заспиете во ова време.

Во 30-ите

23:00 - заспивањето во ова време ветува продуктивен следен ден и соодветен одмор.

Во 40-ите

23:30 - за квалитетен сон, ова е идеално време за заспивање.

Во 50-ите и 60-ите

22:00 - бидејќи сте рано станати, потребен ви е одмор порано.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg