Здрави се, но не претерувајте: 9 намирници кои се штетни кога се јадат прекумерно

Во храната треба да уживате умерено, а тоа правило не се однесува само на лебот, десертите или црвеното вино.

zdravi-se-no-ne-preteruvajte-9-namirnici-koi-se-shtetni-koga-se-jadat-prekumerno-1_1_copy.jpg

Умереноста е важна и при консумирањето здрави намирници, бидејќи секогаш постои шанса да се „прејадете добри нешта“, независно од тоа дали станува збор за јаткасти плодови, риба, зелен лиснат зеленчук или целозрнести житарки.

Во продолжение, ви откриваме кои се 9-те здрави намирници што кријат опасност за вашето здравје, но само доколку ги јадете во преголеми количини.

Спанаќ, цвекло, блитва

zdravi-se-no-ne-preteruvajte-9-namirnici-koi-se-shtetni-koga-se-jadat-prekumerno-1.jpg

Не треба посебно да се напоменува дека секоја од овие намирници е вистинска „бомба“ од хранливи материи, а содржат и голема количина на оксилати, природните состојки кои имаат улога на пробиотик и ги хранат добрите бактерии во цревата.

Меѓутоа, доколку сте склони кон појава на бубрежни камења, тогаш консумацијата на храна богата со оксалати може само да ја влоши вашата здравствена состојба, бидејќи на бубрезите ќе им биде тешко да ги филтрираат овие состојки.

Во тој случај, најдобро би било да ги избегнувате намирниците што содржат оксалати, или, пак, во исхраната да ги вклучите нивните алтернативи, како што се зелката и карфиолот.

Туна од конзерва

zdravi-se-no-ne-preteruvajte-9-namirnici-koi-se-shtetni-koga-se-jadat-prekumerno-2.jpg

Конзервираната туна е ценовно достапна, практична, како и богата со протеини и важните омега-3 масни киселини.

Меѓутоа, во неа може да се пронајде и одредена количина на жива,  а која може да го оштети нервниот систем кај малите деца и спречи правилниот развој на нивниот мозок.

Во големи количини, живата може да биде опасна и за возрасните, но научниците сè уште не се сигурни колку конзерви туна на ден би требало да изедете за симптомите, како вкочанетост, проблеми со видот и памтењето, за навистина да се појават.

Сепак, доколку сте бремени, доите или се обидувате да забремените, немојте да консумирате повеќе од една конзерва туна неделно.

Црвено месо, остриги, бел грав

zdravi-se-no-ne-preteruvajte-9-namirnici-koi-se-shtetni-koga-se-jadat-prekumerno-3.jpg

Секоја од овие намирници е одличен извор на железо, а кое игра клучна улога во доставувањето кислород во мускулите.

И, ако недостатокот на железо може да предизвика слабост и замор, прекумерната количина на железо може да доведе до оштетување на црниот дроб.

Меѓутоа, мнозинството луѓе се борат со недостигот на овој минерал во организмот, поради што предозирањето со железо е многу ретка појава, особено доколку храната ви е единствениот извор на железо.

Но, ако земате и додатоци на исхраната (што содржат и железо), добро би било да се посоветувате со нутриционист, за тоа како да ја избалансирате исхраната и додатоците кои евентуално ги земате.  

Кафеав ориз

zdravi-se-no-ne-preteruvajte-9-namirnici-koi-se-shtetni-koga-se-jadat-prekumerno-4.jpg

Сложените (здрави) јаглехидрати се синоним за здрава исхрана, но оризот е добар во апсорбирање на арсенот, хемискиот елемент кој природно се појавува во земјата и водата.

Згора на сè, кафеавиот ориз го впива овој тежок метал повеќе од рафинираниот ориз.

За арсенот се смета дека е канцероген, но експертите се согласни дека тоа не е причина поради која треба целосно да го исфрлите интегралниот ориз од својата исхрана.

Наместо тоа, консумирајте го повремено, а вклучете ги и останатите целозрнести житарки во исхраната.

Бразилски ореви

zdravi-se-no-ne-preteruvajte-9-namirnici-koi-se-shtetni-koga-se-jadat-prekumerno-5.jpg

Овие (големи) оревчиња се познати како најдобар извор на селен, хемискиот елемент кој игра клучна улога во репродукцијата, а е голем сојузник на човековото тело во борбата против разни инфекции.

Само еден бразилски орев може да ви обезбеди 90 mcg селен, што е речиси двојно повеќе од количината што ви е потребна секој ден.

Повременото грицкање бразилски ореви е во ред, но секојдневната консумација ве изложува на ризик од труење со селен, што, пак, може да доведе до опаѓање на косата, проблеми со дигестивниот систем, невролошки нарушувања, вртоглавици и, па дури и срцев удар или откажување на бубрезите.

За да ги избегнете потенцијалнитездравствени проблеми, ограничете ја консумацијата на само неколку бразилски оревчиња неделно.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...
Намирници што го забрзуваат метаболизмот (и можете да ги најдете во секој маркет) Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави одлични за оние ...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија? Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, постојат намирни...
8 причини зошто не треба да спиете премалку или премногу Знаевте ли дека темите подочници не настануваат само кога не спиеме доволно, тук...
Доцнење на менструацијата и уште 2 необични знаци дека сте претерале со кафето Знаете ли колку кафе е препорачано да пиете дневно? Иако од кафето има и здравст...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg