5 начини како да си го сопрете бесот

Бесот и лошото расположение се многу природни човечки искуства. На сите ни се случило да се чувствуваме лошо и бесно, притоа да донесуваме многу лоши одлуки и не сакајќи да си уништиме ценети блиски односи.

5-nacini-kako-da-si-go-soprete-besot-2_copy.jpg

Еве неколку лесни начини како да си го сопрете бесот, пред да направите непоправливи последици:

Престанете со сè што правите и земете длабоко воздух 3 пати

Пред да дозволите бесот, лошото расположение или самосожалувањето да стане подлабока емоција и да се вкорени во вас, земете длабоко воздух 3 пати. Откако ќе се смирите, малку полесно ќе го најдете изворот на вашиот проблем и ќе најдете подобар начин како да се справите со него. На овој начин ќе добиете подобра идеја за тоа што ги предизвикува тие чувства кај вас и како да се ослободите од нив.

Одете на долга прошетка

Откако ќе откриете што е изворот на лошото расположение, прво нешто што ќе сакате да направите е да преземете некоја акција во врска со тоа. Но, токму во тие моменти ги носиме најлошите одлуки. Затоа одете на долга прошетка.

Ќе си го намалите стресот, ќе ви се покачи допаминот и ќе ви се подобри циркулацијата во мозокот. Секогаш ќе донесете подобра одлука ако стресот ви е на минимално ниво.

Разговарајте со пријател кому му верувате

Јавете се на пријател што ќе ве ислуша и што верувате дека може да направи да се чувствувате подобро. Кога зборувате со пријател, дозволувате на некој од страна да го согледа вашиот проблем, без сите тие чувства кои ви оневозможуваат да размислувате рационално во моментот.

Исто така, кога на глас ги кажувате вашите проблеми, тие не изгледаат толку големи, колку што биле во вашата глава.

Гледајте нешто смешно и интересно

Искористете ја модерната медицина. Пуштете си некоја интересна епизода од вашата омилена тв серија или гледајте некоја стенд ап комедија. Комичните ситуации нè тераат да согледаме и да се потсетиме дека животот и не е толку лош и суров, колку што некогаш мислиме дека е.

Јадете нешто

Лошото распложение може да биде реакција на ниско ниво на шеќер во крвта. Кога сме гладни, исто така сме многу пораздразливи и чувствителни, а некои од нас се дури и агресивни. Затоа пред да направите некоја голема одлука предизвикана од лутина и бес, јадете нешто.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно? Постојат разни причини за појава на тинитус, односно зуење во ушите – од многу г...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg