Зошто жолчката понекогаш има црвена точка и дали јајцето е безбедно за јадење?

Многумина се во заблуда, бидејќи се уверени дека крвавата дамка во жолчката е показател дека јајцето е оплодено. Сепак, експертите објаснија зошто се случува тоа и дали таквото јајце е безбедно за консумирање.

zoshto-zolchkata-ponekogash-ima-crvena-tochka-i-dali-jajceto-e-bezbedno-za-jadenje-1.jpg

Пред неколку години, проструи веста за жена од Кина која се изненадила кога во белката на јајцето здогледала црвена течност налик на крв. Имала купено 15 јајца од локалната продавница, а платила поскапо од останатите, затоа што наводно кокошките јаделе само инсекти. Ги повикала новинарите, а тие го истражиле случајот.

Во продавницата тврделе дека мора да биде така, бидејќи тоа се посебни јајца. Отишле до производителот, кој се обидел да ги увери дека кокошките имале менструација.

Меѓутоа, вистинскиот одговор пристигнал дури кога се обратиле за совет од научниците, кои им објасниле дека црвенкастата течност може да се појави во белката од две причини: поради паразитската бактерија која живее во дебелото црево на носилката и предизвикува воспаление на јајцеводите, или, пак, поради хранењето на кокошките со забранета храна. Напоменале и дека кокошките немаат менструација, а советувале таквите јајца да не се консумираат.

zoshto-zolchkata-ponekogash-ima-crvena-tochka-i-dali-jajceto-e-bezbedno-za-jadenje-2.jpg

Кога станува збор за жолчката, многумина се во заблуда, бидејќи се уверени дека крвавата дамка е показател дека јајцето е оплодено. Но, не е така. Се појавува понекогаш во јајцето, а најчесто поради пукање на капиларите во јајникот или во жолчната кесичка на носилката.

Дали тоа ќе се случи, зависи од многу фактори, почнувајќи од староста на кокошката, па до видот на храната која ја јаде, но тоа никако не значи дека јајцето не е безбедно за консумација, тврдат експертите. Не е пријатна глетката, но не мора да го фрлите јајцето. Всушност, тоа е сосема нормална појава, пренесува  порталот „The Kitchn“.

https://www.youtube.com/watch?v=-YbLfXe5Q0s

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg