Што не треба да прават жените пред одење на лекар?

Постојат две секојдневни навики кои би требало да ги избегнувате, затоа што одмагаат во поставувањето вистинска дијагноза или при упатувањето на дополнителни прегледи.

shto-ne-treba-da-pravat-zhenite-pred-odenje-na-lekar-1.jpg

Понекогаш, посетата на доктор е ненадејна и неочекувана, па невозможно е да влијаете на факторите кои го отежнуваат поставувањето дијагноза. Меѓутоа, доколку се подготвувате за систематски или специјалистички преглед, тогаш водете сметка за две важни нешта:

1. Не ги лакирајте ноктите

При прегледот, потребно е на докторите да им овозможите увид во состојбата на вашето тело, а тоа се однесува и на изгледот на поединечните надворешни делови.

Токму ноктите се важен показател за разни проблеми поврзани со здравјето, па ако ги прекриете со лак, гел или некои други средства, тие не се во можност да ја увидат нивната реална состојба.

Хоризонталните бели линии преку целата ширина на ноктите може да укажуваат на заболување на бубрезите или абнормалности на црниот дроб, а бледите нокти на анемија и недостаток на црвени крвни зрнца, односно еритроцити, поради што ќе биде потребно да направите анализа на крвта.

shto-ne-treba-da-pravat-zhenite-pred-odenje-na-lekar-2.jpg

2. Не се шминкајте

Како и ноктите, лицето исто така крие знаци за потенцијално сериозни здравствени проблеми.

Бојата на кожата на целото лице или одредени делови на лицето говори многу за состојбата на организмот.

Така, на пример, бојата на подочниците често укажува  на проблеми со бубрезите, поради што не треба да ги прекривате со дебел слој пудра.

Не ги скривајте со шминка ниту нетипичното црвенило, осипот, било какви дамки или флеки, па дури ни младежите, бидејќи се од наведеното може да му биде од помош на докторот во раното откривање на разни болести.

shto-ne-treba-da-pravat-zhenite-pred-odenje-na-lekar-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg