4 начини како да разликувате срцев удар од паничен напад

Нападите на паника и срцевите напади имаат слични симптоми: тешка болка во градите, потење, тресење, конфузија, гадење и слично.

4-nacini-kako-da-razlikuvate-srcev-udar-od-panicen-napad-1.jpg

Фактот дека и срцевиот удар може да предизвика паника, уште повеќе ја засилува конфузијата.  

И покрај навидум сличните симптоми постојат начини како полесно да ги разликувате.

Како да препознаете срцев удар?

1. Болката за време на срцев удар луѓето ја опишуваат како неподнослива.

2. Обично болката се појавува во средината на градите и може да се шири надолу кон левата рака или грбот.

3. Болката може да се рашири дури и кон вратот, забите и вилицата.

4. Интензитетот на болката може да се разликува.

5. Оваа состојба трае повеќе од 5 минути и не влијае на дишењето.

6. Се појавува трнење во левата рака, а исто така може да се почувствува и моментално студенило, гадење, па дури и повраќање.

Доколку ги имате овие симптоми повеќе од 5 минути повикајте брза помош или замолете некој да ве однесе до најблиската болница.

4-nacini-kako-da-razlikuvate-srcev-udar-od-panicen-napad-3.jpg

Како да препознаете напад на паника?

1. Симптомите на напад на паника обично достигнуваат врв по околу 10 минути.

2. Болката е локализирана во градите и има функција како бран (доаѓа и си оди).

3. За време на напад на паника може да се почувствува пецкање и вкочанетост кои не се ограничени само на левата рака, туку може да се почувствуваат и на десната како и на нозете и прстите.

4. При случај на напад на паника луѓето имаат тенденција да доживуваат ирационални стравови, како на пример страв од задушување.

Доколку не можете да одредите дали станува збор за срцев напад или напад на паника веднаш побарајте медицинска помош.

4-nacini-kako-da-razlikuvate-srcev-udar-od-panicen-napad-2.jpg

Доколку се работи за срцев удар ненавременото барање помош може да заврши фатално.

Во случај пак на напад на паника, доколку не се лекува може да се влоши проблемот и да доведе до почести напади.

Навременото специјалистичко испитување ќе го ви помогне значително да го подобрите квалитетот на вашиот живот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg