Мрачната страна на високите потпетици – како носењето штикли влијае по здравјето?

Жените сакаат да ги носат, мажите сакаат да ги гледаат на жените. Модната индустрија е незапирлива кога се работи за дизајн и производство на чевли, а женскиот род е неуморен кога станува збор за празнење на паричникот и купување нови обувки.

Mracnata-strana-na-visokite-potpetici-01.jpg

Се чини дека добрите чевли се светиот грал на модниот стил и зборуваат многу за вас, а некои жени тврдат дека би ризикувале болки, плускавци и здрвени модри прсти, бидејќи чувството на задоволство и самодоверба е непроценливо кога сте на високи потпетици.

Визуелно изгледате повисоки, позгодни, повитки. Сепак, секојдневното носење високи штикли си го зема данокот на здравјето, а овие се само дел од многуте негативни последици:

Болки во грбот и `рбетот

Нормално дека чекорењето во рамни удобни обувки и на високи штикли е сосема различно. Всушност, виоските потпетици целосно го менуваат држењето на телото.

‘Рбетот е крајно оптоварен поради притисокот да се остане стабилен за време на чекорењето, а страда и долната карлица. Болките во овој дел од телото се прилично логична последица од носењето високи потпетици.

Ризик од исчашување на зглобови и истегнати лигаменти

Подгответе се за уште една сурова вистина – исчашувањето на зглобовите и истегнувањето на лигаментите е прилично реална опасност кога носите високи потпетици, особено ако станува збор за тенка и многу висока штикла. Нормално, сè зависи и од тоа колку вешто чекорите во нив.

Постојат девојки и жени кои се толку навикнати на нив што мислите дека се родители со високи потпетици на нозете. За останатите кои немаат толку многу среќа мораат да бидат крајно внимателни при носењето штикли.

Темни и зараснати нокти на стапалата

Притисокот кој се создава при носење високи потпетици е огромен, што влијае на стискање на ножните прсти еден до друг. Ова особено се вложува доколку чевлите се дополнително неудобни или малку тесни.

Прстите помодруваат поради лошата циркулација, а природниот нормален раст на ноктите е отежнат, па можно е врастување на нокотот длабоко во кожата, што води до зараснат нокт и претставува прилично голем здравствен, хигиенски и естетски проблем.

Оштетување на нервите

Колку подолго сте изложени на притисокот од носење високи потпетици, толку веројатноста за оштетување на нервите помеѓу ножните прсти е поголема. Оштетување на нервите може да се појави помеѓу кои и да било два прста на стапалото.

Mracnata-strana-na-visokite-potpetici-02.jpg

Носењето високи потпетици за некои жени претставува неодолива желба и навика од која не може да се откажат. Сепак, постојат неколку начини да се ублажат потенцијалните ризици и проблеми кои високите штикли ги носат со себе:

- Ограничете го времето на носење високи потпетици. Секогаш кога имате можност да ги собуете и да се одморите – сторете го тоа, макар било кришум во вашата канцеларија или во ресторан под масата каде што никој не може да види дека сте боси.

- Екстремно тенките високи штикли (над 9 cm) се особено ризични. Одберете чевли со пониска потпетица или полна пета.

- Редовно правете купка и масажа на стапалата. Грижете се за нив, по секое долго носење штикли потопете ги стапалата во млака вода со морска сол или купка за опуштање на стапалата. Благо масирајте за да ја нормализирате циркулацијата и нанесете хранлив крем со уреа за хидратација.

- Особено внимавајте на хигиената на стапалата и ножните прсти. Одржувајте ги ноктите кратки и чисти, за да спречите затемнување или враснување на ноктите во кожата.

- nСекогаш бирајте квалитетни и удобни чевли. Кога немате избор, подобро е да купите половина или еден број поголеми, отколку потесни чевли. Првиот проблем може да се реши со влошки за чевли, вториот е многу поопасен по здравјето.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот? Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопх...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg