Како да ја победите несоницата?

Се вели дека постојат толку лекови за несоница колку што постојат луѓе што не можат да заспијат.  Ако го имате овој проблем сигурно досега сте слушнале многу совети како да ја надминете но сепак, треба да го пронајдете лекот што најмногу ќе ви одговара на вас. 

5-nacini-kako-da-ja-pobedite-insomnijata-1

Пред да се фрлите на апчиња за спиење пробајте некои од овие начини што би можеле да ви помогнат еднаш засекогаш да ја победите инсомнијата:

1. Верувајте во моќта на етеричните масла

Трикот е да го пронајдете маслото што најмногу ќе ви одговара вам.

Пробајте со масло од лаванда, камилица... Маслата можете да ги додадете на вашата купка кога се бањате. Овие масла имаат релаксирачки моќи и се користени како помош за побрзо заспивање.

Маслото од лаванда ќе го најдете прво на било кој список на етерични масла за релаксација.

2. Инвестирајте во нов душек

Кога имате инсомнија имате и многу скриени фактори што придонеле до инсомнијата. За да се излечите треба да ги изолирате сите тие фактори од употреба.

Така ако покрај вежбањето, намалувањето на кофеинот и промена на диетата сè уште сте уморни и не можете да заспиете можеби проблемот е до вашиот душек.

Сонот е многу важен за вашето здравје затоа, мора да инвестирате во правилен душек со кој ќе имате квалитетен сон.

3. Следете го биоритамот на пештерски човек

Човечкото тело еволуирало да спие преку ноќта, а да се буди кога е светло. Сепак, со струјата и технологијата ние самите си го нарушуваме тој биоритам.

Затоа, немојте да гледате телевизија ниту пак да седите на телефонот неколку часа пред спиење.

4. Комбинирајте медитација и мелатонин

Научете се да медитирате барем по 15 минути дневно и користете мелатонин суплементи. Овие две работи заедно можат да направат чуда за вашиот биоритам.

Ако ова ви стане навика за брзо ќе имате убави соништа наместо бессони ноќи.

5. Пробајте со магнезиум

Ако овие работи не функционираат за вас пробајте со суплементи од магнезиум. Магнезиумот му помага на вашиот мозок да се смири, а можеби и дефицитот на магнезиум во вашето тело е тоа што ве држи будни навечер.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg