Зошто барем две недели треба да пиете вода со лимон?

Водата со лимон звучи како одлична идеја, посебно ако сте гледале фотографии на Pinterest од масивни бокали исполнети со живописни лимони.

zoshto-barem-dve-nedeli-treba-da-piete-limonova-voda-01.jpg

Но, понекогаш ова може да се покаже како тежок предизвик.

Сепак, добро е самите да се предизвикате:

1. Добро да ги разгледате придобивките од пиење на лимонова вода

2. Сами да си дадете ветување дека барем 14 денови секој ден, ќе пиете лимонова вода

3. Да напишете како сте се чувствувале првиот и последниот ден од предизвикот

4. И да ни кажете какво ви било искуството.

Зошто е толку корисно да се пие лимонова вода?

Лимоните се одличен извор на Ц витамин кој е есенцијален за раст и развој на телото. Еден лимон содржи околу 30-40 mg витамин Ц.

Покрај тоа, овој витамин има и други здравствени придобивки како заштита од пренатални проблеми до кардиоваскуларни проблеми, проблеми со очите, кожата, имунитетот...

Функционира како антиоксиданс и ги штити клетките од оштетување од слободните радикали.

Здравствени придобивки од водата со лимон:

1. Лимоновата вода е добра за детокс и чистење на организмот

Примарната состојка на лимоните е цитратот кој функционира како инхибитор за токсините кои се собираат во телото како кристали. Цитричната киселина ја зголемува можноста на организмот да се ослободува од овие штетни материи.

Ја зголемува функцијата на ензимите и го стимулира црниот дроб.

2. Лимоновата вода го подобрува варењето

Цитрусните флавоноиди помагаат и храната да почне побрзо да ви се вари и обработува во организмот. Функционираат како тоник кој помагаат на хлороводородната киселина во организмот побрзо да ја вари храната.

3. Лимоновата вода ја зголемува алкалноста

Алкаизирањето е процес на неутрализирање на киселоста на телото. Телото само по себе како што собира и складира токсини со текот на времето, така станува и кисело па заради тоа, често можете да имате желудочни киселини, проблематичен стомак, ацидоза...

Лимоновата вода му помага на телото да не ги задржува киселините.

4. Слабеење, намалување на имунитетот

Како за почеток, секој организам може различно да реагира на лимоновата вода, но во основа со неа се заменуваат пијалаците кои се полни со шеќер и на тој начин се слабее.

Важно:

Како за почеток, ако сте навикнати на засладени пијалаци, тогаш ќе сакате да додадете шеќер и во лимоновата вода, но ова мора да го избегнувате по секоја цена.

Исто така, многу луѓе се загрижени за забната глеѓ, но сè додека не претерувате со додавањето на лимон, не треба да имате проблеми.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg