Домашни лекови против изгореници од сонце

Кога размислуваме за летен одмор, за деновите поминати на базен или на плажа, еден детаљ цело време константно ни ја руши сликата - лошите изгореници кои сите сме ги преживеале и кои за момент успеале да ни го уништат денот.

kako-da-gi-izlecite-izgorenicite-od-sonce-1

Изгорениците од сонце не само што изгледаат многу лошо, туку и се сериозни за здравјето на кожата. Симптомите како силна главоболка, температура и самата болка од изгореното место се ужасни.

За среќа постојат многу домашни лекови кои можат да ја ублажат болката и да го забрзат процесот на заздравување на кожата:

1. Истуширајте се со ладна вода

Ова е едно од најочигледните решенија за како да ја намалите болката од изгореници од сонце. Првиот инстинкт секогаш ни кажува да се изладиме под туш. Само внимавајте кога се сушите со крпа да бидете внимателни и нежни.

2. Избањајте се со црн чај

Не постои нешто што неможе да биде излечено со добра шолја чај. Но, сега наместо шолја наполнете ја кадата со црн чај. Кога ќе ја подготвите бањата, релаксирајте се во смесата од чај и ситуацијата со вашата кожа инстантно ќе се подобри.

3. Малку мед

Медот е одличен лек кој можете да го нанесете на мали површини на кожата кои се изгорени од сонце. Медот изобилува со протеини и здрави ензими кои ја лечат кожат и го намалуваат воспалението.

4. Бања од овес

Добро исечканиот овес функционира најдобро, но ако имате било каков овес само ставете го во блендер и попрскајте од смесата во бања со млака вода. Бањата во оваа смеса ќе ви помогне многу повеќе отколку да јадете овесна каша за појадок.

5. Облоги од млеко

Слично на тоа колку е добро да се напиете чаша млеко кога јадете лута храна, исто така млекото е добро и за изгорена кожа. Поради тоа што изобилува со масти и протеини, ставете облога во кравјо млеко и воспалението и температурата на кожата веднаш ќе се намалат.

6. Паста од краставица

Иако звучи лошо, дерматолозите го препорачуваат овој лек од зеленчук. Во блендер комбинирајте изладени краставици, малку пченкарно брашно и алое вера гел. Измасирајте го воспалениот предел и излечете ги изгорениците за најкраток можен период.

7. Јогурт

Зачувајте го јогуртот од појадокот за вашите изгореници. Јогуртот е полн со стимулирачки пробиотици кои ќе ја регенерираат кожата. Ставете тенок слој на изгорениците, оставете го да постои 10 минути и избришете го внимателно со мокра крпа.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg