5 летни активности кои ќе ви го стимулираат мозокот кога сте исцрпени од горештините

 Истиот момент кога температурите почнуваат нагло да растат двете опции кои ги имаме се или да шетаме насекаде и да се движиме колку е можно повеќе или да се скриеме дома и да станеме креативни со проекти кои ќе можеме да ги правиме во комфорот под клима уредите. 

5-letni-aktivnosti-koi-ke-vi-go-stimuliraat-mozokot-koga-ste-iscrpeni-od-gorestinite-1

После долга зима затворени дома, уште од првиот зрак на сонце во пролетта се инспирираме да бидеме поактивни, или барем да правиме нешто малку поразлично од гледањето филмови под топло ќебе.

Независно дали сте од оние кои сакаат да ги истражат своите опции надвор од домот или никогаш не сакате да се тргнете од удобноста на домот, еве неколку начини како да го стимулирате мозокот да не потпадне на летната магла:

1. Планинарење

Кога горештините малку ќе се смират попладне одете на долга прошетка на најблиската планина, истражете нови патишта, застанете да ги набљудувате водопадите и смиреноста на природата.

Земете телефон со вас од сигурносни причини меѓутоа не го користете ако не морате и целосно дисконектирајте се од технологијата и поврзете се со природата.

Научно е докажано дека кога се дистанцирате од технолошките уреди и поминувате повеќе време во природа можете да ја вратите способноста да решавате проблеми и да станете покреативни.

5-letni-aktivnosti-koi-ke-vi-go-stimuliraat-mozokot-koga-ste-iscrpeni-od-gorestinite-2

2. Рафтинг

За екстремистите кои секогаш се во потрага по возбуда нема ништо поинтересно од рафтинг. Настрана од прекрасното чувство кога ќе ви се покачи адреналинот овие активности бараат целосна концентрација.

Колку почесто ги правите овие активности, толку повеќе ја зголемувате вашата способност за концентрација и за решавање на проблеми кои бараат брз одговор.

5-letni-aktivnosti-koi-ke-vi-go-stimuliraat-mozokot-koga-ste-iscrpeni-od-gorestinite-6

3. Научете втор јазик

Ако сте од оние кои преферираат да останат дома, има многу активности кои можете да ги правите во удобноста на вашиот дома, а се исто така стимулирачки за мозокот.

Една од најпродуктивните е да почнете да учите нов јазик. Можете да одите во библиотека и да позајмите неколку книги за учење јазик, но исто така можете да слегнете неколку апликации како Duolingo на вашиот телефон.

Апликациите се интересен начин на учење на јазик со кој во исто време се забавувате.

5-letni-aktivnosti-koi-ke-vi-go-stimuliraat-mozokot-koga-ste-iscrpeni-od-gorestinite-5

4. Редете сложувалки

Редењето сложувалки не само што е забавно, туку е и зависно. Нема да можете со денови да престанете се додека не ја наредите како што треба.

Ако не сте фан на сложувалки, тогаш решавајте крстозбори или Судоку. Сите овие игри за кои е потребна способност за решавање на проблеми ќе го тренираат вашиот мозок додека истовремено се забавувате.

5-letni-aktivnosti-koi-ke-vi-go-stimuliraat-mozokot-koga-ste-iscpreni-od-gorestinite-3

5. Читајте

Дозволете им на вашите блиски да ви предложат нешто што веќе го читале и направете си листа за читање за ова лето. Изберете нешто што вообичаено не би го читале.

Не само што честото читање физички го променува начинот на кој вашиот мозок ги процесира зборовите, исто така вашиот вокабулар ќе се подобри и ќе си го подобрите и расположението.

5-letni-aktivnosti-koi-ke-vi-go-stimuliraat-mozokot-koga-ste-iscrpeni-od-gorestinite-4

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg