Секојдневни активности кои ви го уништуваат држењето на телото

‘Рбетот е веројатно најважен за контролата и држењето на нашето тело, иако честопати ги игнорираме работите кои го нарушуваат неговото здравје.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-01.jpg

Без да знаете, секојдневно, со овие активности си го уништувате доброто држење на телото:

Миење на заби

Кога стоите, никогаш не се навалувајте во висина на мијалникот. Наместо тоа, потпрете се на едната рака и стојте исправено во линија на огледалото.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-02.jpg

Миење на садовите

Повторно не се навалувајте нанапред. Наместо тоа, земете едно ниско столче и ставете го под коленото. Ова ќе го намали притисокот.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-03.jpg

Менување на гумата на автомобилот

Подгрбавената позиција треба да ја замените со седечка.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-04.jpg

Носење кеси во една рака

Земете уште една кеса плус и обидете се тежината да ја распоредите еднакво.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-05.jpg

Бришење на подови

Не ги бришете подовите со крпи кои се држат со раце, туку со посебни четки со долга рачка.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-06.jpg

Врзување на патиките

Навалувањето со една нога испружена понапред може да создаде непријатни истегнувања. Седнете, кренете ја ногата свиткана кај коленото, а телото нека ви остане исправено под агол од 90 степени.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-07.jpg

Носење на ранец на едно рамо

Не бадијала ранецот има две рачки. Не треба да го носите префрлен на едно рамо, ниту во една рака.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-08.jpg

Земање на предмети од високо

Симнувањето на предметите кои стојат врз гардероберот или на најгорната полица исто така може да доведе до истегнувања. Затоа качете се на едно столче. Рамениците треба да ви се малку пониско поставени од предметот по кој посегнувате.

sekojdnevni-aktivnosti-koi-vi-go-unistuvaat-drzenjeto-na-teloto-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
„Пробав 12 различни начини за справување со напади на анксиозност – што помага, а што не?“ „Пробав да дувам балони за да дишам длабоко, но ми се сврти и ми се влоши состој...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg