Како да распознаете каков инсект ве каснал?

Ретко кој е отпорен на здодевните инсекти кои буквално напаѓаат кога и да начекаат гола кожа.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-001.jpg

Сепак, нема место за паника. Ако внимателно знаете да ги распознаете каснатините, ќе знаете и правилно да се заштитите.

Затоа, важно е да запаметите:

Каснатини од комарец - малечки набабрени точки кои ако ги допрете почнуваат да чешаат и стануваат црвени. Во некои случаи и се дујат.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-01.jpg


Каснатини од крлеж
– каснатината е проследена со црвенило. При каснатините од крлеж важно е да се консултирате со лекар за негово отстранување.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-02.jpg


Каснатини од болва
– слични се како со каснатините од комарец, со таа разлика што чешаат до болка. Една болва може да ве касне на повеќе места во растојание од 1-2 сантиметри.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-03.jpg


Убод од пчела
– кожата околу убодот веднаш станува црвена и важно е правилно да се отстрани остатокот. Проследен е со болка, а неретко и алергиска реакција.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-04.jpg


Убод од оса
– симптомите се слични како кај пчелата, со таа разлика што во овој случај се појавува плик кој чеша, пече и боли. Исто така, осата може да касне повеќепати.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-05.jpg


Убод од стршлен
– црвенилото и отокот се првите симптоми, исто како и пликовите кои може да се појават на кожата.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-06.jpg


Каснатина од мравка
– иако сметаме дека мравките се безопасни, сепак ако ве полазат може да ви остават пустули и меурчиња кои може да останат во облик на лузни засекогаш.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-07.jpg


Траги од вошки
– ако на главата, вратот или зад ушите забележите мали црвени точки, значи дека некаде по телото имате вошки. Каснатините обично се на растојание од неколку сантиметри.

kako-da-raspoznaete-kakov-insekt-ve-kasnal-08.jpg


Важно:
Во сите случаи побарајте лекарска помош или барем консултирајте се со стручно лице. Инсектите се опасна работа и може да пренесат болести и инфекции.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg