Сè за утринските мачнини на Кејт Мидлтон: Што е Хиперемеза гравидарум?

Заедно со новостите дека Кејт Мидлтон е бремена по третпат, следеше и уште едно, помалку пријатно известување – дека војвотката повторно се бори со Хиперемеза гравидарум.

se-za-utrinskite-macnini-na-kejt-midlton-sto-e-hiperemeza-gravidarum-01.jpg

Што е Хиперемеза гравидарум за време на бременоста?

Се работи за силно повраќање во бременоста кое може да доведе до дехидрација. Дијагнозата се поставува клинички, со мерење на кетони во урината, електролитите во телото и исправноста на работата на бубрезите.

Во повеќето случаи се јавува намалување на тежината, до 5% од вкупната маса, како и развој на дехидрација.

Хиперемеза гравидарум може да биде состојба поттикната од психолошки страв, а обично се појавува во првите 4-6 недели. Доколку трае по 16-тата или 18-тата недела од бременоста, може да биде ризична за здравјето на бебето.

se-za-utrinskite-macnini-na-kejt-midlton-sto-e-hiperemeza-gravidarum-02.jpg

Симптоми:

  • Мачнини кои не престануваат
  • Повраќање кое предизвикува дехидрација
  • Повраќање кое му пречи на апетитот
  • Слабеење
  • Зачестено мокрење
  • Главоболки
  • Збунетост
  • Хроничен замор и несвестица
  • Низок крвен притисок
  • Намалена еластичност на кожата
  • Забрзана работа на срцето
  • Анксиозност и депресија

Лечењето се базира на дохрана со инфузии и витамини, хранење со сонда или лекови против мачнини и повраќање.

Тажната вест е што доколку еднаш ја имате, односно во првата бременост патите од оваа состојба, шансите за нејзино повторување во следните бремености се огромни, речиси сигурни.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сѐ што треба да знаете за амниоцентезата: Кога се прави и дали е ризично? Трудниците чувствуваат страв дури и само од помислата на овој тест, но преку ова...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдоб...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Жени кои на 30 години дознале дека имаат АДХД ги откриваат симптомите: „Зборување без престан, тешко... „Отсекогаш се чувствував поразлично од другите, секогаш се чувствував како чудак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg