Грижа за себе: Направете целосен есенски детокс во 5 чекори

По долгото и топло лето и годишните одмори, на прагот е есенската сезона. Студените денови значат и дополнителна нега за кожата, косата и целиот организам.

grizha-za-sebe-napravete-celosen-esenski-detoks-vo-5-chekori-01.jpg

За да го подготвите телото за претстојната сезона и да бидете поотпорни на настинките кои се почести во есен, потребно е да направите едноставен детокс план, и тоа во само 6 чекори.

Прочитајте како:

Правилна хидратација

Рамномерно консумирање на вода и течности во текот на денот му помага на телото правилно да ги искористи сите предности што водата ги има за телото.

По годишните одмори, на телото му е потребна дополнителна хидратација однадвор и одвнатре. Не заборавајте да пиете многу вода и редовно да нанесувате хидратантен крем на лицето и на целото тело.

Кога ќе ви здодее обичната вода, додајте во неа кришки лимон, портокал или нане за дополнителни ефекти.

Моќта на кокосовото масло

За кокосовото масло веќе е познато дека има многу делотворни ефекти на организмот. Започнете го и завршете го денот со консумирање на една лажичка кокосово масло.

Користете го и како лосион за мека и нежна кожа на целото тело.

Пост од 12 часа

Ослободете го телото од токсините и не јадете ништо 12 часа помеѓу појадокот и ручекот.

Првите 6-8 часа по вечерата, нашето тело ја вари храната, а последните 4 часа е посветено на чистење на организмот и токму тоа време е најефективно за согорување на мастите.

grizha-za-sebe-napravete-celosen-esenski-detoks-vo-5-chekori-02.jpg

Спиење во темница

За најдобар одмор на очите и целото тело, практикувајте да спиете во темница. Ставете потемни завеси, спуштете ги ролетните или спијте со памучна маска на очите.

Исклучете ги дигиталните уреди за поубав и поцврст сон и ќе се разбудите понаспани следното утро.

Суво четкање на кожата

За предностите на сувото четкање многу се зборува, а најчесто го практикуваат манекенките. Најдобро би било да ја четкате кожата со четка пред туширање, и тоа со нежни, кружни потези.

Четката најдобро е да има природни влакна. Сувото четкање ги уништува мртвите клетки и помага во борбата против целулитот.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 22 години и не сум сигурна во својата сексуална ориентација“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg