Работи кои не сфаќате дека ги правите од анксиозност

Огромен број од луѓето не знаат дека се жртви на анксиозност, а сепак, им се случуваат работи и постапки за кои немаат објаснување како и зошто.

11-raboti-koi-ne-sfakate-deka-gi-pravite-od-anksioznost-001.jpg

Овие 11 работи ги правите од вашата анксиозност, која можеби и не знаете дека ја имате:

1. Одбивате покани за дружење кога навистина сакате да одите

Без разлика на тоа колку сте биле возбудени за настанот, неколку часа или минути пред да треба да се подготвите, анксиозноста ви вели – не. Нема да одиш. И не одите, а немате логично објаснување зошто.

2. Опседнати сте со работи за кои другите не ни размислуваат

Ако се опседнувате со секоја ситница, додека блиските ви велат дека непотребно се заморувате, тогаш имате благ стадиум на анксиозност.

3. Се будите рано наутро дури и кога сте изморени

Спиењето за луѓето со анксиозност е проблематично, бидејќи тешко го одмораат мозокот.

4. Константно го гледате најлошото сценарио од секоја ситуација

Колку и другите да ви велат дека стравовите ви се неиздржани, за вас се страшни и реални.

5. Си ги повторувате разговорите во глава одново и одново

Ова е тесно поврзано со втората потточка. А, би се случува бидејќи анксиозноста потсвесно ве тера да мислите дека сте направиле нешто погрешно.

6. Станувате загрижени кога некој ќе ве праша дали е се во вред

Кога некој ќе ве праша дали сте добро – тоа е идеална шанса за анксиозноста да нападне. Ако тие се загрижени, тогаш нешто навистина ви е. Или вие така мислите.

7. Мислите дека е ваша вина што другите не ви одговараат веднаш

Без разлика дали се родителите, пријателите или партнерот, загрижени сте дека сте направиле или кажале нешто погрешно ако не ви одговорат со брзина на светлината.

8. Кога и да се спомне иднината, имате напад на паника

Мразите кога луѓето ве прашуваат што планирате да правите за 5 или 10 години.

9. Постојано го споредувате туѓиот успех со вашиот

Не можете да сфатите дека ниту една работа не е иста, благодарение на анксиозноста и нападите кои ви велат дека не сте доволно добри.

10. Ги повторувате грешките

Ако постојано се трудите да не ја направите истата грешка, но повторно завршувате правејќи ја, анксиозноста е веќе навлезена во вас.

11. Има денови кога сте психички и физички изморени, до тој степен што не ви се станува од кревет

Анксиозноста има влијание на нашето целокупно здравје, па ако психичката болка ви се пренесе како физичка, не се чудете што не можете да се одлепите од креветот.

Добро е да знаете дека имате анксиозност, меѓутоа без паника. За сè постои решение.

Направете го овој тест за анксиозност. Ви требаат 10 минути.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg