Од пијанство, бурен секс, вијагра: 5 изненадувачки чести повреди на машкоста

Постојат опасности за машкото репродуктивно здравје, кои на терминот „безбеден секс“ му даваат комплетно поинакво значење.

od-pijanstvo-buren-seks-vijagra-5-iznenaduvachki-chesti-povredi-na-mashkosta-1.jpg

Настрана сексот без заштита, припадниците на посилниот пол ги демне и ризикот од повреди на гениталиите.

Настануваат пред, за време или после интимните односи, но и како резултат на користењето стимуланси или секси играчки.

Нема никаков сомнеж дека истите се мошне непријатни и болни. А, неретко се случуваат – несакано и во неочекувани околности.

od-pijanstvo-buren-seks-vijagra-5-iznenaduvachki-chesti-povredi-na-mashkosta-2.jpg

Петте изненадувачки чести повреди на машкоста се:

1. Фрактура на пенисот

Пенисот нема коски, но тој сепак може да се скрши. Ваквиот тип на „скршеница“ се нарекува пенилна фрактура и не е нималку наивна. Претставува тежок облик на повреда што настанува при виткање на пенисот во ерекција, а пo која половиот орган ќе се подуе и ќе помодри.

Звучи болно, затоа што и навистина е. Најчесто се случува во пијана состојба, а најопасните секс пози, коишто ја зголемуваат шансата за фрактура на пенисот се кучешка поза (44%) , мисионерска поза (25%) и позата со која жената е горе (10%).

Мажите кои ја претрпеле оваа повреда често имаат проблем со ерекцијата и болен сексуален однос.

od-pijanstvo-buren-seks-vijagra-5-iznenaduvachki-chesti-povredi-na-mashkosta-3.jpg

2. Болка во препоните

Доколку ги занемариме спортските повреди, во најголем број од случаите, грчевитата болка во пределот на препоните кај мажите се случува поради пречестиот и преинтензивен секс во новите врски. Вообичаено, причинители се страничните движења, честите промени во брзината и насоката на движење или наглите удари, односно прекумерниот физички напор и напрегање, без претходно загревање.

При акутни повреди, се јавува силна и ненадејна болка, а може да биде проследена со оток, црвенило или модринка, како и со отежнатост на мускулните активности. Ако зачестено се повторува, препонската болка можно е да премине во хронична, па да се влошува со тек на времето. Сепак,  доколку не е коинцидира со појава на еректилна дисфункција, за овој тип на повреда не е нужна докторска интервенција.

Се решава со одмор и прекин на активностите коишто дополнително би ја оптовариле регијата.

od-pijanstvo-buren-seks-vijagra-5-iznenaduvachki-chesti-povredi-na-mashkosta-4.jpg

3. Пријапизам

Пријапизам е состојба на одложена ерекција на пенисот. Ерекцијата е долготрајна, болна и неконтролирана, па личноста никако не може да се ослободи од неа. Притоа, несаканата и перзистентна ерекција не е предизвикана од сексуална возбуда, ниту пак е поврзана со половата потреба на мажот.

Најчесто се случува како реакција на преголема доза на вијагра, но може да биде и несакан ефект од користењето антидепресиви. По поставувањето на дијагнозата, во одредени случаи наложува и итна хоспитализација на пациентот.

od-pijanstvo-buren-seks-vijagra-5-iznenaduvachki-chesti-povredi-na-mashkosta-5.jpg

4. Торзија на тестисот

Тестикуларната торзија настанува со увртување на тестисот, при што доаѓа до блокада на протокот на крвта. Почесто го зафаќа левиот тестис, а се појавува мошне брзо и ненадејно. Се манифестира со болка, оток, црвенило и модринки на кожата на скротумот, како и мачнини и повраќање.

Доколку забележите дека тестисот е позициониран повисоко од нормалното, или, пак, во невообичаена положба, а притоа чувствувате и неочекувано силна болка, треба веднаш да побарате медицинска помош. Ако е тестикуларна торзија во прашање, тогаш се работи за акутна состојба која бара итна хируршка интервенција.

Оптимално време е во рок од 4 до 6 часа, по појавата на првите симптоми. Во спротивно, може да дојде до трајно оштетување, односно атрофија на тестисот, поради недоволната циркулација.

od-pijanstvo-buren-seks-vijagra-5-iznenaduvachki-chesti-povredi-na-mashkosta-6.jpg

5. Заглавен прстен

И сексуалните помагала се честа причина за повреди на пенисот, а меѓу нив, заглавениот прстен е еден од почестите. Во тој контекст, сведочaт и многубројните анегдоти за мажи кои се нашле во незавидна ситуација при неговата примена.

По неколку часа, заглавениот прстен може да доведе до екстремно отекување на половиот орган, а поради намалениот проток на крвта, претставува сериозна опасност за машкоста, односно репродуктивното здравје на припадниците на посилниот пол.

od-pijanstvo-buren-seks-vijagra-5-iznenaduvachki-chesti-povredi-na-mashkosta-7.jpg

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Дали ноќното потење е знак за сериозен проблем и кога треба да одите на лекар? Ноќното потење може да биде предизвикано од разни фактори, како менопауза или пи...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg