Зошто се појавуваат пеги на кожата?

Пегите на кожата може да се појават краткотрајно од сонцето, но може да бидат долготрајни ако имате генетски предиспозиции за тоа.

kaj kogo i zoshto se pojavuvaat pegite 01

Повеќето луѓе како стареат се навикнуваат и ги засакуваат своите пеги, но тие понекогаш кај младите знаат да бидат причина за грижа, иако нема потреба од тоа.

Што се пеги и зошто се појавуваат?

Пегите се мали кафени белези на лицето кои најчесто излегуваат кога лицето или некои делови од телото се изложени на сонце. УВ-зраците на сонце го забрзуваат процесот на акумулација на пигмент, па пегите се појавуваат во областите што се изложени на сонце.

kaj-kogo-i-zoshto-se-pojavuvaat-pegite-02.jpg

Може да бидат знак на стареење

Кај некои луѓе пегите се формираат на постара возраст како последица од долгорочната изложеност на сонце. Не се опасни, но ако ви се појават ненадејно и се големи, консултирајте се со вашиот доктор.

kaj-kogo-i-zoshto-se-pojavuvaat-pegite-03.jpg

Најверојатно имате светла кожа и светли очи

Пегите може да се појават поради генетски предиспозиции кај секого, но најчесто кај светлите луѓе. Гените кои ги носат пегите се најчести кај луѓето со посветла кожа, коса и очи.

kaj-kogo-i-zoshto-se-pojavuvaat-pegite-04.jpg

Не сте родени со нив

Дали сте забележале дека нежната кожа на бебињата никогаш нема пеги? Тоа е затоа што никој не се раѓа со нив. Пегите се јавуваат кај луѓе кои имаат предиспозиции за тоа кога се изложени на сонце, но ниту едно бебе нема затоа што бебињата во првите денови од животот не се изложени екстремно на сончеви зраци.

kaj-kogo-i-zoshto-se-pojavuvaat-pegite-05.jpg

Еден вид на пеги се сезонски

Постојат два вида на пеги. Првите се кафеави и поголеми и не исчезнуваат дури и за време на зимата, а другите се помали, излегуваат при изложеност на сонце и потоа исчезнуваат заедно со силните сончеви зраци.

kaj-kogo-i-zoshto-se-pojavuvaat-pegite-07.jpg

Ве прават поотпорни на сонцето

Пегите се најдобрата природна заштита од штетните зраци на сонцето, но секако добра идеја е секогаш да имате нанесено крема за сончање.

Пигментот во флеките при изложеност на сонце станува потемен и повеќе ве штити од штетните зраци.

kaj-kogo-i-zoshto-se-pojavuvaat-pegite-06.jpg

Наследни се

Ако имате пеги, најверојатно има и некој од вашите родители или пак ги имале во некој период од нивниот живот. Тие се генетски наследни.

kaj-kogo-i-zoshto-se-pojavuvaat-pegite-09.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg