Зуење во ушите - Причини заради кои често се појавува

Иако повеќето го игнорираме, зуењето на ушите не е безопасно.

zuenje-vo-ushite-pricini-zaradi-koi-cesto-se-pojavuva-001.jpg

Може да се појача до тој степен што ќе ви ја наруши концентрацијата и нема да можете нормално да ги извршувате секојдневните обврски.

Затоа, на време проверете зошто се појавува.

Ова е листа на најчестите причини:

Апчиња

  • големи дози на аспирин
  • диуретик апчиња
  • антималарични лекови
  • одредени антибиотици

Разни здравствени состојби

  • Губење на слухот заради превисока галама
  • Губење на слухот предизвикано од старост
  • Блокирање на ушните канали заради восок од ушите
  • перфорација на тапанчето
  • ушни или синусни инфекции
  • Мејерерова болест
  • проблеми со тироидната жлезда
  • висок крвен притисок
  • траума или повреда на главата или вратот
  • тумори на мозокот

Зуењето се зголемува и во следниве случаи:

  • Старост
  • Мажите се почесто склони кон оваа појава
  • Доколку сте пушач
  • Доколку работите во гласна средина

Лекови кои може да помогнат:

Јадете храна богата со магнезиум или пијте го како додаток во исхраната. Докажано е дека магнезиумот помага против хроничното зуење на ушите.

Гинко билоба е уште една билка која може да ви помогне, бидејќи се смета за стимулатор на мозочните функции.

Натопете малку бадемово масло на парче памук и ставете ги облогите на ушите. Постапката може да ја повторувате колку сакате.

Кантарионот е исто така добар лек. Може да пиете чај од кантарион, масло или таблети.

И сусамот се препорачува доколку го имате овој проблем. Додадете го во оброците или јадете го во облик на алва.

Цинкот е уште еден одличен минерал кој може да ви помогне во борбата против зуењето. Внесувајте го преку свежа храна или како додаток во исхраната.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Зошто имате зуење во ушите и дали е знак за нешто сериозно? Постојат разни причини за појава на тинитус, односно зуење во ушите – од многу г...
Што открива бојата (и текстурата) на семената течност за вашето здравје? Додека е нормално семената течност некогаш да има бледожолта нијанса, ако ова тр...
9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...
Што е витилиго - како да го препознаете и третирате? Додека научниците ги проучуваат гените на луѓето со витилиго за да откријат што ...
Храна што треба да ја избегнувате ако имате срцеви палпитации, според кардиолог Иако во повеќето случаи срцевите палпитации се безопасни, сепак е препорачливо д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg