Совети за трчање за девојки
Колку повеќе знаете за трчањето, исхраната, тренинзите и здравјето толку повеќе ќе уживате, без разлика која е вашата мотивација и цел.
Ова се општи совети за женското трчање. Советите ги покриваат сите важни области: здравје, психологија, моторика, тренинг, менструални циклуси.
Што треба да знаете?

- Трчањето предизвикува специфична состојба на свеста. Единствено нешто што влијае врз тоа дали ќе успеете или не е начинот на кој размислувате за трчањето. Ако ви помага да се ослободите од стресот, согорувате калории, ја зголемувате самодовербата, тогаш не е важно дали трчате брзо или споро, вие уживате.
- Девојките кои се спортски активни и тренираат во анаеробна зона, интервали, нагорнини, фартлег, ја зголемуваат својата сила и брзина исто како да употребиле некое недозволено средтсво, но тука нема никакви негативни последици. Ова е потполно точно бидејќи со тренирање во анаеробната зона се стимулира лачењето на хормонот за раст, а тој влијае директно на јакнење на мускулите и брзината на трчањето.
- Брзото трчање согорува повеќе калории од бавното, додека пак со бавното трчање се согоруваат многу повеќе калории отколку со која било друга активност. Бавното трчање согорува повеќе масти од брзото, па долку сaкате да изгубите килограми трчајте бавно.
- Не мора да бидете врвна атлетичарка за да се пријавите на некоја трка, едноствано искористете ја таа прилика за забава, дружење, рекреација.
- Докажано е дека девојките кои трчаат имаат дупло помали шанси да добијат рак на грлото од матката или дојката.
- Ако трчате имате 35% помали шанси да добиете дијабетес.
- Внесувањето на минерали е доста значајно за жените посебно железо и калциум. Железото е важно заради менструалниот циклус, а го има во житарици, спанаќ и говедско месо. Калциум има во млечни призводи, брокули, риба и др.
- Со трчањето се разубавува кожата. Дерматолозите имаат докажано дека со трчање се забрзува циркулацијата и транспортот на хранливи материи како и исфрлањето на токсините и штетните материи кои ги создал метаболизмот.
Затоа девојки, ви препорачуваме да почнете со трчање и вежбање со Кондиционен Тренер
Би можело да ве интересира:
Осум причини зошто не треба да го поминете цел ден во седење
Дијабетес или компликации од истиот, проблеми со колковите и мускулите, па и зго...
Превентивни тестови и прегледи што задолжително треба да ги правите по 50-тата
Редовно проверувајте ги крвниот притисок и холестеролот и не го прескокнувајте П...
Зошто се штетни високите триглицериди (и како да ги намалите)?
За да избегнете проблеми со срцето поради високи триглицериди, треба да ги слуша...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб...
Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
Слабост во екстремитетите, „свирење“ во градите: Симптоми кои сигурно ги игнорирате, а не треба
Ако слушате свирење додека дишите, можно е да биде настинка. Но, ако овој симпто...
Што ќе се случи ако секој ден јадете (варени) јајца?
Јајцата се богати со протеини и корисни хранливи материи и ако немате проблеми с...
