7 совети како да останете здрави кога сите околу вас се настинати

Кашлањето и кивањето може да ги разнесат бактериите насекаде со брзина на светлината. Токму затоа, ви требаат добри техники за борба против нив.

7-soveti-kako-da-ostanete-zdravi-koga-site-okolu-vas-se-nastinati-001.jpg

Доволно е еден колега или член од семејството да се разболи, па сите околу него, еден по еден, почнуваат да легнуваат болни, настинати и со бактерии.

Како да ги намалите шансите вие да сте следна „жртва“?

Постојат 7 начини на кои може да ги намалите шансите за размножување на бактериите во домот, канцеларијата или просторот во кој сте со настинато лице:

1. Темелно чистење

Пребришете го подот, сите масички, сите наткасни, рачките на вратите, прекинувачите... Задолжително користете средства за дезинфекција.

Не заборавајте да ги проветрувате собите во текот на денот, дозволете му на чистиот воздух да циркулира.

7-soveti-kako-da-ostanete-zdravi-koga-site-okolu-vas-se-nastinati-1.jpg

2. Темелно перење на постелнината, облеката и пешкирите

Постелнината, облеката и пешкирите кои биле користени од лицето со настинка или бактерија, задолжително треба да ги исперете на највисоката можна температура која ткаенината може да ја истрпи.

Користете антибактериски средства и не заборавајте да ги испеглате работите по перењето.

7-soveti-kako-da-ostanete-zdravi-koga-site-okolu-vas-se-nastinati-2.jpg

3. Одвоена хигиена

Внимавајте од кои чаши пиете, со кои салфетки се бришете и каде ви стојат препаратите за лична хигиена.

На неколку дена, најдобро е да ги раздвоите четките за заби едни од други.

7-soveti-kako-da-ostanete-zdravi-koga-site-okolu-vas-se-nastinati-3.jpg

4. Отстранете ги сите ситници кои собираат прашини

Сите меки предмети како пернички, играчки, меки ќебенца, тргнете ги од просторот, бидејќи потоа се тешки за чистење и дезинфицирање.

Сите работи кои собираат прашина и бактерии, треба да стојат подалеку од просторијата во која има болно лице.

7-soveti-kako-da-ostanete-zdravi-koga-site-okolu-vas-se-nastinati-4.jpg

5. Домашни билки

Вистина е дека растенијата го прочистуваат воздухот, а меѓу најефективните се Каланхое, Алое, Бегонија, Хлорофитум, Сансевера…

7-soveti-kako-da-ostanete-zdravi-koga-site-okolu-vas-se-nastinati-5.jpg

6. Ароми и мириси

Исто како и кај билките, одредени мириси и етерични масла спречуваат да се размножуваат бактериите.

Во периодот на настинки дома почесто имајте арома на лаванда, ментол, босилек... Иако не се најпријатни, аромите од лук и кромид се одлични сојузници во борбата против настинка и бактерии.

7-soveti-kako-da-ostanete-zdravi-koga-site-okolu-vas-se-nastinati-6.jpg

7. Користете маски

Без оглед на тоа дали сте дома или на јавно место, носете маски.

Само запомнете дека маската треба да ја менувате на дневно ниво и дека една иста маска не смее да ја носат повеќе лица.

7-soveti-kako-da-ostanete-zdravi-koga-site-okolu-vas-se-nastinati-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Испукани капилари на лицето: Сѐ што треба да знаете и како да ги третирате Испуканите капилари на лицето не се ретка појава, но бидејќи не изгледаат најдоб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg