Го намалуваат стресот и лечат фобии: 9 здравствени придобивки од гледањето хорор филмови

Носат прегратки и насмевки и ве подготвуваат за соочување со реалноста.

go-namaluvaat-stresot-i-lechat-fobii-9-zdravstveni-pridobivki-od-gledanjeto-horor-filmovi-01.jpg

Го изгледавте ли „It“ или „Get out“? Овие хорор филмови што излегоа во 2017 година добро ќе ве размрдаат.

Хорор филмовите не се сечиј избор, но можеби некои луѓе ќе го променат ставот кон нив, откако ќе дознаат колку здравствени придобивки носи гледањето на филмови од овој жанр.

Еве 9 начини на кои тие позитивно влијаат врз вас:

Ја намалуваат телесната тежина

Кога гледате хорор филм возбудата е на сцена, па вашето срце бие забрзано. Како резултат на процесот, испумпувањето на крв до целото тело се зголемува.

Бидејќи адреналинот автоматски расте, нашиот апетит и чувството за глад се намалуваат. Оваа состојба прави нашите тела да согоруваат повеќе калории и да губиме килограми.

Истражување покажа дека 90 минути лачење на адреналин согорува 113 калории.

Лечат фобии

Најдобриот начин да се справите со стравот е да се соочите со него. Докажано е дека хорор филмовите лечат одредени видови на фобии.

Колку почесто сте во ситуација да се справувате со стравот, толку побргу ќе успеете да го надминете. Терапевтите ги препорачуваат хорор филмовите.

go-namaluvaat-stresot-i-lechat-fobii-9-zdravstveni-pridobivki-od-gledanjeto-horor-filmovi-04.jpeg

Ве прават поздрави

При гледањето на хорор филмови активноста на вашето срце дефинитивно расте поради адреналинот и вие ќе се стремите да бидете активни како при трчање.

Како резултат на тоа, вашата крв циркулира подобро и тоа ве прави поздрави.

Добри се за вашата ДНК

Кога гледате хорор филм и сте сведоци на страшни настани во него, се стимулира вашата ДНК затоа што треба да се соочите со ситуации кои ве плашат, а со кои ретко се судирате во реалноста.

За некои луѓе гледањето на хорор филмови дури го поттикнува нивото на самодоверба.

go-namaluvaat-stresot-i-lechat-fobii-9-zdravstveni-pridobivki-od-gledanjeto-horor-filmovi-02.jpeg

Го намалуваат стресот

Спротивно на општото верување, гледањето на хорор филмови го намалува нивото на стрес од проблемите во секојдневието.

Лачењето на адреналин е добро затоа што ја размрдува надбубрежната жлезда, која ви помага во избегнување на анксиозноста и депресијата.

Го подобруваат имунитетот

Ако гледате хорор филм два часа, вашиот телесен систем автоматски ќе се смири и ќе го контролира имунитетот да биде посилен.

Според истражувањата, работата на вашиот мозок ќе се забрза поради ослободувањето на хормоните како допамин, глутамат и сертонин. Тој ќе биде многу активен и ќе го зајакне имуниот систем.

Го поттикнуваат споделувањето на емоции

Гледањето на хорор филмови е добро за ослободување на насобраните емоции. Особено е добро за парови затоа што тие ќе можат да ги споделат своите стравови.

Обрнете внимание како луѓето имаат нагон да се прегрнат кога гледаат страшна сцена. Прегрнувањето прави да се ослободат закопаните емоции.

go-namaluvaat-stresot-i-lechat-fobii-9-zdravstveni-pridobivki-od-gledanjeto-horor-filmovi-03.jpeg

Ве прават подготвени за да се соочите со реалноста

На некој начин тие ве подготвуваат ментално и физички за соочување со ненадејни проблеми во реалноста.

Станувате посвесни за околината и поподготвени да учествувате во опасни работи во животот. Хорор филмовите ви помагаат да го развиете вашиот одбранбен систем.

Го подобруваат расположението

Кога сте под стрес, потребно ви е лачење на адреналин. Експертите тврдат дека гледањето хорор филмови пумпа адреналин во вашето тело, а како резултат на тоа сте поенергични и се ослободуваат супстанции кои предизвикуваат добро расположение.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg