Намирници кои ќе ви го зајакнат имунитетот оваа есен

Иако можеби на многумина им недостасува летното сезонско овошје, сепак мора да признаеме дека и есента нуди голем избор на вкусни зеленчуци и овошје.

namirnici-koi-kje-vi-go-zajaknat-imunitetot-ovaa-esen-01.jpg

Најголем дел од нив можат многу да ви помогнат за здравјето и зајакнувањето на имунитетот, посебно во есенскиот период каде настинките стануваат сѐ почести.

Затоа, искористете го денот и отидете на најблискиот пазар и набавете си ги потребните намирници кои со сигурност ќе ви бидат од корист оваа сезона.

Свежи, сварени, посебно, или како мешавина - како ќе ги јадете е ваш избор, важно е да ги внесете во организмот:

Тиква 

Една од најкарактеристичните есенски намирници, со прекрасен вкус, мирис и здравствени придобивки благодарение на витаминот Ц кој го содржи, како и високото ниво на витамин А.

namirnici-koi-kje-vi-go-zajaknat-imunitetot-ovaa-esen-02.jpg

Прокељ

Иако е ситен и можеби не изгледа како да има голема здравствена придобивка, прокељот игра голема улога во зајакнувањето на телото одвнатре и однадвор. Сулфурот кој го содржи помага при исфрлањето на токсините од организмот, а содржи и витамин К.

namirnici-koi-kje-vi-go-zajaknat-imunitetot-ovaa-esen-03.jpg

Јаболко

Советот дека треба секој ден да се јаде по 1 јаболко сѐ уште важи, со оглед на тоа што ова овошје е преполно со витамини, а е лесно за јадење во секое време.

Црвените јаболка содржат кверцетин кој го зајакнува имунитетот, како и високо ниво на влакна кои помагаат при варењето.

namirnici-koi-kje-vi-go-zajaknat-imunitetot-ovaa-esen-04.jpg

Сладок компир

Оние кои се опседнати со фитнсот, се запознаени со употребата на слаткиот компир по вежбање, за дополнување на електролити, а тој е и богат извор на калиум, магнезиум и натриум.

namirnici-koi-kje-vi-go-zajaknat-imunitetot-ovaa-esen-05.jpeg

Пашканат

Овој зеленчук на многумина можеби им наликува на семејството моркови, но пашканатот има различни хранливи својства, а најчесто се користи во супа.

Во него содржи комбинација на силни хранливи состојки како витамин Б6 и Б5, кои се пресудни за производство на енергија во метаболизмот.

namirnici-koi-kje-vi-go-zajaknat-imunitetot-ovaa-esen-06.jpg

М. М. |Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лижавчиња од мед и бозел за посилен имунитет (ќе ги сакаат и децата) Се прават од само две состојки - сируп од бозел и мед - а можат да го зајакнат и...
Зошто никако не треба да го користите Оземпик за слабеење - лекот за дијабетес што е хит кај холивуд... Оземпик е лек за лица со дијабетес тип 2, но многумина, вклучувајќи и кај нас, п...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Која храна да ја јадете, а која да ја избегнувате ако имате анемија? Додека храната богата со железо е одлична за лицата со анемија, постојат намирни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg