Загадувањето на воздухот ги поништува придобивките од пешачењето

Велат дека најлошо кршење на ветување е она кон себе кога сте си ветиле дека ќе излезете на прошетка.

zagaduvanjeto-na-vozduhot-gi-ponishtuva-pridobivkite-od-peshacenjeto-01.jpg

Веќе добро знаете дека прошетките во природа се најдоброто нешто што можете да го сторите за вашето тело. Тие го продолжуваат вашиот живот, го подобруваат здравјето на срцето, како и на менталниот систем.

Но, едно ново истражување објавено во магазинот The Lancet откри дека каде загадувањето има огромно влијание. Шетањето по улици во многу загадени реони навистина не е препорачливо, тврдат експертите.

Со оглед на моменталната ситуација во нашата држава изгледа голем број градови во Македонија, а особено Скопје, Тетово, Кичево, Битола, Велес не се погодни за прошетки.

Тимот на истражувачи испитуваше група од 119 луѓе во Велика Британија на возраст над 60 години. Од испитаниците дел биле здрави, дел со хронични заболувања на белите дробови и срцеви проблеми.

На некои од луѓето им било дадено задача да шетаат по 2 часа секој ден на Оксфорд улицата во Лондон, дел од градот со многу сообраќај и загадување, а на другите им било кажано да шетаат во Хајд паркот, исто така 2 часа на ден. Истражувањето траело со седмици, а истражувачите ги мереле загадувачите во воздухот на двете места, како и маркерите за здравје на испитаниците, како капацитет на бели дробови, кивање, кашлање и артериската вкочанетост, која е поврзана со високиот крвен притисок.

zagaduvanjeto-na-vozduhot-gi-ponishtuva-pridobivkite-od-peshacenjeto-02.jpgУлица Оксфорд

Здравите луѓе што шетале во незагадениот Хајд парк имале големи подобрувања во здравјето, но по шетањето на Оксфорд улицата и вдишувањето на разни штетни честички луѓето имале само скромни подобрувања во капацитетот на белите дробови и влошување на артериската вкочанетост. Од ова истражувачите заклучиле дека загаденоста на воздухот ги неутрализира придобивките од прошетките.

Луѓето со хронични заболувања почувствувале позитивни промени при прошетките на двете места, но многу помалку на загадената улица Оксфорд, која им донела и кашлање, кивање и недостиг на здив за разлика од чистиот Хајд парк.

zagaduvanjeto-na-vozduhot-gi-ponishtuva-pridobivkite-od-peshacenjeto-03.jpgХајд парк

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да реагирате доколку наидете на лице со деменција кое е изгубено? Не ја оставајте личноста сама и кога разговарате со неа, зборувајте јасно и со к...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg