9 знаци кои укажуваат на можна бременост

Многу жени имаат сомнежи и двоумења кога се работи за бременоста. Многумина велат дека едноставно чувствуваат дека „нешто е поразлично.“

9-znaci-koi-ukazuvaat-na-mozna-bremenost-001.jpg

Но, ако ви требаат поконкретни знаци, ова се првите 10 кои се најочигледни и најлесно ќе ги забележите, доколку сте бремени:

1. Зголемувањето на хормоните и менувањето на хормоналниот баланс во женското тело придонесува до прекин на менструацијата. Тоа е првиот најочигледен знак.

2. Утринските мачнини се вистински и постојат. Бременоста предизвикува забавување на варењето на храната, па тоа резултира со нагон за повраќање.

3. Уште еден знак за бременост е состојбата на вагината. Ако чувствувате мал оток и зголемена чувствителност во интимната зона, тоа може да е позитивен знак.

4. Ако градите одеднаш ви растат, брадавиците ви станат потемни и поголеми, имајте на ум дека во телото ви се случува многу поголема промена.

5. Ако чувствувате менструални болки во период кога не треба да добиете менструација, можеби се работи за прифаќање на оплодената јајце клетка од вашето тело, а не за предвремен циклус. По неколку дена, обично болките стивнуваат.

6. Честата желба за одење во тоалет исто така е знак за почеток на бременост.

7. Заморот е уште еден знак. Ако можете да заспиете секаде и секогаш, имајте на ум дека телото се подготвува за голема промена.

8. Ако минатата недела ви се јадеше бургер, а веќе денес ви се лоши на помислата, можеби се работи за бременост. Аверзијата кон храната и мирисите кои некогаш ни биле омилени не е ништо чудно кога жената е бремена.

9. Ако и најситните работи може да предизвикаат емоционална бура, може да го искористите оправдувањето „хормони во бременост.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg