Зошто по неколку испиени пијачки сакаме да запалиме цигара?

Веројатно голем дел од непушачите ќе ги интересира ова прашање, со оглед на тоа што на секој кој што е непушач барем еднаш во животот додека бил поднапиен му се случило да запали цигара.

zosto-po-nekolku-ispieni-pijachki-sakame-da-zapalime-cigara-2.jpg

Дали некогаш сте се прашале зошто по неколку испиени пијачки сакаме да запалиме цигара?

Можеби нема да верувате, но целата оваа ситуација има логично, но и научно докажано објаснување.  Потребата за пушење се јавува како резултат на начинот на кој никотинот влијае на нашата меморија, а другиот е во тоа што кога никотинот се комбинира со алкохолот истиот го намалува нивото на допамин.

Заедно, овие два механизми прават цигарите да изгледаат навистина „неодоливи“.

zosto-po-nekolku-ispieni-pijachki-sakame-da-zapalime-cigara-3.jpg

Да бидеме малку поконкретни, никотинот ги зајакнува невронските врски и до 200 проценти, а ова зајакнување е основа за формирање на нова меморија. До вакво зајакнување може да дојде само кога таканаречените наградни центри испратиле допамински сигнал.

Сепак, вреди да се напомене дека и покрај тоа што никотинот и алкохолот иницираат зголемување на допаминот, тие ќе ве направат среќни само доколку се консумираат одделно.

Теоретски, тоа е циклус којшто започнува кога алкохолот ќе ги намали позитивните сеќавања за пушењето, па земате цигара. По пушењето на цигарата се намалува нивото на допамин, па вие повторно имате потреба да испиете уште една пијачка и циклусот продолжува.

Ваквите повремени моменти на никотинско-алкохолна среќа нема да ве убијат, сепак најважно е да внимавате ваквата практика да не премине во навика.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg