3 навики со кои рацете и нозете ќе ви бидат топли цела зима


3 навики со кои рацете и нозете ќе ви бидат топли цела зима

Константно ладните раце и нозе се многу чест зимски проблем, предизвикан од неправилна циркулација на крв во екстремитетите.

3-naviki-so-koi-racete-i-nozete-ke-vi-bidat-topli-cela-zima-01.jpg

Па, без разлика колку слоеви на облека носите, колку пара чорапи и ракавици да ставите – рацете и нозете остануваат ладни.

Според докторите, доволни ви се само следниве 3 навики за да се ослободите од проблемот и конечно да се стоплите.

Пробајте, ништо не губите:

Носете широка облека

Ако мислите дека тесната блуза повеќе ќе ве стопли од широката – се лажете. Со тесните припиени парчиња облека само ја отежнувате циркулацијата и постигнувате спротивен ефект од саканиот – да се стоплите.

3-naviki-so-koi-racete-i-nozete-ke-vi-bidat-topli-cela-zima-02.jpg

Јадете зачинета храна

Во зима, додадете малку повеќе зачини. Тие ја подобруваат циркулацијата и зголемуваат температурата на телото.

Избегнувајте кафе, цигари и алкохол

Топлото кафе и греано вино ќе ве згреат моментално, но никотинот, кофеинот и алкохолот се најголемите штетници за вашиот крвоток, бидејќи предизвикуваат стеснување на крвните садови.

3-naviki-so-koi-racete-i-nozete-ke-vi-bidat-topli-cela-zima-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 навики кои се штетни за стапалата Стапалата се важен дел од човечкото тело, иако на нив некако не посветуваме дово...
Навики кои ќе ви помогнат да се ослободите од проблемите со сонот Природата на сонот е многу широко поле за истражување, а научниците секоја годин...
7 совети за луѓе со висок крвен притисок или проширени вени Виното и миленичето до вас и нозете нагоре, верувале или не, токму тоа е лекот! ...