7 видови храна кои ви ја „цедат“ енергијата оставајќи ве исцрпени

Нормално е вашата енергија да се качува и паѓа во текот на денот.

7-vidovi-hrana-koi-vi-ja-cedat-energijata-01.jpg

Повеќе различни фактори може да влијаат на овие промени во енергијата, меѓу кои и спиењето, стресот, нивото на физичка активност и храната којашто ја консумирате.

Генерално, кога јадете или имате ужина, телото се полни со гориво и се чувствувате полни со енергија.  Сепак, некои видови на храна може да ви ја одземат енергијата.

Дознајте кои се тие:

Белиот леб, тестенините и оризот

Житарките имаат многу јаглехидрати и може да бидат добар извор на енергија за телото. Сепак, процесираните житарки како оние во белиот леб, тестенините и белиот ориз може да влијаат спротивно.

Ова е затоа што при процесирање на житарките се лупи надворешната лушпа којашто содржи растителни влакна, а благодарение на тоа овој вид на житарки поминуваат побргу низ нашиот дигестивен систем. 

Така, кога го јадеме овој вид на храна доживуваме нагло зголемување на шеќерот во крвта и инсулинот, а потоа нагло паѓање на енергијата. Покрај ова, лушпата е богата и со Б витамини коишто вашето тело може да ги искористи за да добие енергија.

За разлика од ова, житарките коишто не се процесирани може да ја одржуваат вашата енергија на исто ниво подолго време, бидејќи растителните влакна во лушпата ќе направат подолго да ја варите храната, а витамините во неа ќе создадат дополнителна енергија.

7-vidovi-hrana-koi-vi-ja-cedat-energijata (2).jpg

Корнфлекс, овошни јогурти и останати видови храна со додаден шеќер

Повеќето видови на корнфлекс содржат многу малку растителни влакна, а имаат многу додаден шеќер. Дури 50% од јаглехидратите во житарките може да потекнуваат од додаден шеќер.

Оваа комбинација од висока концентрација на шеќер и малку растителни влакна создава високи концентрации на шеќер и инсулин во крвта, со тоа и нагло растење на енергијата, а веднаш потоа и нагло паѓање на енергијата.

Дополнително, студиите покажуваат дека како што јадете храна со многу шеќер, така и телото ќе ви бара таков вид во храна, а со тоа ќе се создаде круг на постојан пораст и пад на енергијата на телото.

7-vidovi-hrana-koi-vi-ja-cedat-energijata (5).jpg

Алкохол

Алкохолот е познат по тоа што опушта. Многу луѓе консумираат малку алкохол со вечерата за да можат потоа полесно да заспијат. Сепак, ова може да биде и лошо за вас.

Алкохолот може да го намали квалитетот на сонот, како и должината на сонот, а со тоа да доведе до понемирно спиење. Ова секако важи за големи количини на алкохол. Умереното консумирање не доведува до вакви нарушувања на сонот.

Тоа значи дека жените не би требало да консумираат повеќе од една чашка алкохол на ден, а мажите не повеќе од две чашки на ден.

7-vidovi-hrana-koi-vi-ja-cedat-energijata (7).jpg

Кафе

Кога се консумира умерено, кафето има позитивен ефект. На пример, тоа може да го намали ризикот од појава на Алцхајмер или Паркинсова болест за 26-34%. Исто така, може да се намали и шансата за појава на дијабетес тип 2 за 7%.

Кофеинот е познат дека создава краткотрајни напливи на енергија и пораст на функцијата на мозокот, нешто на што многу луѓе сметаат кога консумираат кафе кога се уморни.

Сепак, мора да знаеме дека редовната консумација на кафе може да направи телото да развие отпорност на кофеинот и да ги намали неговите ефекти. 

Ова значи дека доколку премногу сметате на тоа кафето да ви ја покачи енергијата, многу бргу ќе се соочите со неуспех. Прменогу пиење кафе ќе ви го наруши сонот, па наскоро телото нема да може да добие доволно енергија ни од сонот, покрај тоа што не добива од кафето, бидејќи веќе развило отпорност на кофеинот.

7-vidovi-hrana-koi-vi-ja-cedat-energijata (3).jpg

Енергетски пијалаци

Не е спорно дека енергетските пијалаци ќе ви дадат краткотраен висок пораст на енергијата. Дури некои испитувања заклучиле дека може да ви ја зголемат концентрацијата и меморијата за 24%, а и да ви ја намалат потребата за сон. Ова е најчесто благодарение на комбинацијата на шеќери и кофеин во овој вид на пијалоци.

Како што споменавме претходно, шеќерот предизвикува нагли покачувања на енергијата, за потоа да имате и нагли падови на истата, што може да предизвика за кратко време да се чувствувате поуморно отколку пред да се напиете од енергетскиот пијалак.

Истото важи и за кофеинот. Доколку редовно консумирате енергетски пијалаци, ќе развиете отпорност на кофеинот, а тоа значи дека со тек на време ќе треба да ја зголемувате количината на енергетски пијалок. 

Како и кафето, така и енергетските пијалаци ќе ви го нарушат сонот, па ќе ја изгубите и таа енергија што сте ја имале.

7-vidovi-hrana-koi-vi-ja-cedat-energijata (8).jpg

Пржена храна и брза храна

Пржената храна и брзата храна е богата со маснотии, а има многу малку растителни влакна, а тоа ќе го забави дигестивниот систем.

Забавената дигестија значи дека на состојките богати со енергија им треба подолго време додека да влезат во телото, а тоа значи дека ќе се одложи напливот на енергија којшто го очекувате после оброк.

Исто така, пржената и брзата храна најчесто има многу малку витамини, минерали и останати важни хранливи состојки, а овие состојки се важни за да се одржува нивото на енергија во телото. 

Консумирањето на премногу мрсна храна може да направи да се чувствувате преполни, а тоа може целосно да ви ја уништи енергијата и желбата да правите нешто во наредните неколку часа.

7-vidovi-hrana-koi-vi-ja-cedat-energijata (9).jpg

Нискокалорична храна

Кога е време за ужина многумина се трудат да консумираат нискокалорична храна, сметајќи дека тоа е поздравиот избор.

Сепак, доколку во вашата исхрана вклучите премногу од овој тип на храна може да се доведете до ситуација да внесете премалку калории во текот на денот, што може многу да го намали нивото на вашата енергија.

Редовното доведување на телото во ситуација во која немате доволно калории може да доведе до хормонален дисбаланс и да го забави метаболизмот, што ќе направи да се чувствувате исцедени.

Исто така, доколку внесувате премалку калории со оброците, ќе се зголеми и гладта на телото, што ќе доведе до тоа да се прејадете на следниот оброк, а тоа ќе направи да се чувствувате преполни и тромави.

7-vidovi-hrana-koi-vi-ja-cedat-energijata (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Влакненца на брадата кај жените: Зошто се појавуваат и како да ги отстраните? Хормонална промена, генетика, полицистични јајници, дијабетес се само дел од при...
Влакна на стомакот кај жените: Како да ги отстраните и зошто се појавуваат? Генетика, возраст, но и хормонални промени од разни нарушувања или фази од живот...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg