Симптоми кои може да се предупредување за автоимуна болест

Автоимуна болест е нарушување на имунолошкиот систем кога тој почнува да ги напаѓа деловите од телото, сметајќи ги за страни тела.

znaci-koi-ukazhuvaat-na-mozhni-problemi-vo-rabotata-na-imunoloshkiot-sistem-01.jpg

Телото погрешно толкува некој дел од телото како туѓ и го напаѓа со тоа што, може да биде ограничено на одредени органи, или пак, да опфати повеќе различни.

Според истражувањата, овие болести се помеѓу топ 10 причините кои предизвикуваат смрт кај жените до 64 години.

Има повеќе од 80 вакви автоимуни нарушувања, но некои симптоми се заеднички за сите нив.

Токму затоа, добро е да ги препознавате знаците кои укажуваат на таков проблем, со цел да се дијагностицира и реши навреме.

Погледнете дел од знаците кои укажуваат на автоимуни нарушувања:

Главоболки, збунетост и намалена концентрација и внимание

Ова се карактеристични симптоми кои сериозно може да му наштетат на квалитетот на вашиот живот.

Тие се поврзани со стрес и недостаток на сон, но исто така се и знак за неправилна работа на имунолошкиот систем (лупус или анемија).

znaci-koi-ukazhuvaat-na-mozhni-problemi-vo-rabotata-na-imunoloshkiot-sistem-02.jpg

Акни, псоријаза, егзема, осип

Проблемите со кожата може да бидат многу вознемирувачки, бидејќи е невозможно да се чувствувате убаво ако постојано мора да се криете под облека.

Ако вообичаените лекарства не помагаат, посетете специјалист бидејќи овие знаци може да бидат предизвикани и од хемолитична анемија, склеродермија, проблеми со псоријаза и други нарушувања.

Замор или хиперактивност

Овие симптоми се карактеристични за речиси сите автоимуни проблеми и нарушувања. Одеднаш може да сфатите дека нормални секојдневни работи и активности ви ја црпат енергијата многу повеќе и ве оставаат исцрпени.

Или пак, се будите поуморни отколку што сте биле пред да заспиете, дури и ако ништо не сте правеле претходно.

znaci-koi-ukazhuvaat-na-mozhni-problemi-vo-rabotata-na-imunoloshkiot-sistem-04.jpg

Болка во мускулите, губење сила

Ослабнатите мускули и болката при секојдневни активности како одење по скали или носење малку потешки работи може да биде привремен проблем, но може да значи и знак кој не треба да се игнорира.

Може да биде предизвикано од Хашимотов тироидитис, автоимун хепатитис, псоријаза, ревматичен артритис и други заболувања.

Грчеви во стомакот, гасови, надуеност, дијареа, запек

Проблемите со варењето и стомакот може да бидат случајна појава, но може да бидат и знак на автоимуни нарушувања како целијачна болест, или проблеми со тироидната жлезда.

znaci-koi-ukazhuvaat-na-mozhni-problemi-vo-rabotata-na-imunoloshkiot-sistem-05.jpg

Зголемување и намалување на тежината

Некои автоимуни болести ја напаѓаат и тироидната жлезда која контролира многу метаболитички процеси во телото. Ако лачи повеќе или помалку потребни хормони, можни се драстични промени во килажата.

Вкочанетост и пецкање на рацете и нозете

Игличките не се сериозен проблем ако се појавуваат и си одат, но ако се случуваат неколку пати неделно, тогаш може да е знак за нешто посериозно.

Ниска температура

Неочекувана температура без други симптоми најчесто се игнорира, но токму таа може да биде сериозен симптом за автоимуни нарушувања.

znaci-koi-ukazhuvaat-na-mozhni-problemi-vo-rabotata-na-imunoloshkiot-sistem-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
„Засрамувачки“ симптоми и проблеми со здравјето кои не треба да ги криете од лекарот Хемороиди, прекумерно потење, намалено либидо – само затоа што некои проблеми со...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg