Негативни работи што му се случуваат на телото кога седите по 8 часа на ден

Многу луѓе поминуваат поголем дел од денот во седечка позиција – почнувајќи со 8-часовна работа и завршувајќи го денот седнати на гарнитура пред ТВ.

negativni-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-teloto-koga-sedite-po-8-chasa-na-den-01.jpg

Можеби на прв поглед не изгледа така, но ова е навистина сериозен проблем, па вреди да го сфатите така.

Потрудете се да го промените тоа барем малку со физички активности во текот на денот, во спротивно ќе имате негативни последици.

Погледнете што се случува при секојдневно 8-часовно седење без никакви активности:

Искривување на ‘рбетот

Доколку постојано ги поминувате деновите во седечка положба, тоа многу лошо влијае на вашиот ‘рбет кој сè повеќе ќе се искривува. Практикувајте активности за да не дојде до тоа со тек на време.

negativni-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-teloto-koga-sedite-po-8-chasa-na-den-02.jpg

Кардиоваскуларен систем

Една од најсериозните последици е високиот ризик за кардиоваскуларни заболувања.

Заради пасивниот начин на живот, мускулите слабеат, снабдувањето со крв се влошува и крвните садови се намалуваат.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат голем дел од животот седејќи, имаат поголем ризик за срцев удар.

negativni-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-teloto-koga-sedite-po-8-chasa-na-den-03.jpg

Анксиозност и ментални нарушувања

Седентарниот начин на живот негативно влијае и на менталниот живот. Луѓето кои немаат никакво размрдување, стануваат робови на столиците и остануваат осамени, а со тоа се посклони на депресија и анксиозност.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои седат постојано немаат доволно испуштање на ендорфин, кој се испушта за време на вежбањето и го подобрува расположението.

Проширени вени

Луѓето кои по цели денови седат, патат од слаба циркулација на крвта во долните екстремитети, што води до проширени вени.

За овој проблем жените имаат поголеми предиспозиции, а најчесто причината е тоа што жените седат со прекрстени нозе, садовите се згрчуваат и крвта се задржува на одредени места.

negativni-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-teloto-koga-sedite-po-8-chasa-na-den-04.jpg

Стареење

Теломерите, кои се наоѓаат на крајот на хромозомите и ги штитат од оштетување, стануваат пократки како што телото старее.

Докажано е дека седентарниот начин на живот ги скратува многу побрзо, а како резултат на тоа, процесот на стареење е забрзан.

negativni-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-teloto-koga-sedite-po-8-chasa-na-den-06.jpg

Машки проблеми

Седентарниот начин на живот влијае и на ерекцијата кај мажите, простатата и хормонален дисбаланс.

Кога мажите седат во иста положба со часови, циркулацијата на крвта во пределот на карлицата се влошува и ова води до воспалителни процеси што може да предизвикаат сериозни проблеми со тек на време.  

Дебелеење

Качувањето тежина е најчеста последица на прекувремено седење без никаква дополнителна активност.

Метаболизмот се успорува и калориите се горат побавно, а мастите се таложат.

Наспроти ова, кога работите во стоечка положба, се согоруваат околу 35% повеќе калории.

negativni-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-teloto-koga-sedite-po-8-chasa-na-den-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg