Што ќе ви се случи ако температурата ви падне на 26.5°C или ви се крене на 43°C?

Колку може да издржи човековото тело? На колку ниска, односно висока температура настапува смрт?

shto-se-sluchuva-pri-ekstremno-niska-i-visoka-telesna-temperatura-001.jpg

Сите знаеме дека 36.6°C е нормална телесна температура, а кога живата на топломерот покажува 39°C време е за лекарства.

Kако реагира човековото тело на екстремно ниска или висока телесна температура:

Нормална температура 35.5 - 37°C

Во текот на денот нашата температура варира и тоа од 35.5°C (наутро) до 37.0°C (навечер). Таквата промена се одредува со дневниот циклус на сонцето и вие не влијаете директно на процесот.

Интересно е што просечната температура на телото на жените е 0.5°C повисока отколку кај мажите.

shto-se-sluchuva-pri-ekstremno-niska-i-visoka-telesna-temperatura-08.jpg

Малку покачена температура 37.1 - 38.0°C

Покачената температура може да посочува на рана фаза на некоја болест, па најдобро е да посетите доктор веднаш.

Ако оваа температура ја имате краток период, нема потреба од паника, не е опасно.

shto-se-sluchuva-pri-ekstremno-niska-i-visoka-telesna-temperatura-07.jpg

Висока температура 38 - 41°C

Ваквата температура се перципира како големо заболување, но оваа температура го спречува размножувањето на микробите.

Благодарение на ова имуниот систем работи побрзо, циркулацијата на крвта се интензивира, времето за делување на антителата против вирусот се скратува. Ова често вклучува и мускулно треперење, што ја задржува топлината внатре.

Ако имате треска, тоа посочува на втората фаза – пад на температурата. Па, температурата е автоматска борба на телото за преживување. Тоа не е лошо.

Исто така, температурата може да се качи до 40°C во парна бања или сауна. Во тој случај не грижете се, тоа е нормално.

shto-se-sluchuva-pri-ekstremno-niska-i-visoka-telesna-temperatura-06.jpg

Екстремно висока температура 42 - 43°C

Дали некогаш сте се запрашале зошто медицинската скала завршува на 45°C?

Затоа што при 42°C започнува неповратно распаѓање на протеините во телото, на 43°C тие стануваат неупотребливи за невроните на мозокот, што доведува до гарантиран фатален исход. За да не биде фатално, температурата над 40°C мора да биде спуштена веднаш.

shto-se-sluchuva-pri-ekstremno-niska-i-visoka-telesna-temperatura-05.jpg

Опасно ниска температура 30 - 35°C

Оваа температура посочува на огромна истоштеност или сериозна болест. Дури и при мал пад на температурата на телото под нормалата, личноста почнува да се тресе затоа што мускулите се обидуваат да произведат повеќе топлина и крвните садови контрахираат.

На телесна температура пониска од 33°C, метаболичките процеси во телото почнуваат да забавуваат.

shto-se-sluchuva-pri-ekstremno-niska-i-visoka-telesna-temperatura-04.jpg

Катастрофално ниска температура 29.5°C

На оваа температура, апсорбцијата на кислородот во телото се намалува, снабдувањето со крв се забавува.

Повеќето луѓе во оваа состојба ја губат свеста.

shto-se-sluchuva-pri-ekstremno-niska-i-visoka-telesna-temperatura-03.jpg

Фатална температура 26.5°C

Под 26,5°C, крвта започнува да се згрутчува. Ова го спречува протокот на крв во виталните органи и предизвикува смрт.

shto-se-sluchuva-pri-ekstremno-niska-i-visoka-telesna-temperatura-02.jpg

Исклучоци:

Сепак, постојат исклучоци. Во 1994 година 2-годишно девојче од Канада минало 6 часа на огромен студ и телесната температура ѝ паднала на 14.2°C, а денес сè е во ред со неа.

Но, ова е редок случај, дури може да се каже и феномен, затоа во сите други случаи треба да се посети доктор веднаш.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg