Јогурт за побрзо слабеење

jogurt-za-pobrzo-slabeenje-povekjeБројни студии покажале дека исхрана со намалено внесување на калциум доведува до зголемено дебелеење бидејќи масните клетки стануваат...

 

...поголеми и помасни. Со додаток на јогурт во исхраната се забрзува губењето на телесната маса и се намалува величината на стомакот!

jogurt-za-pobrzo-slabeenje

Научниците докажале дека дебелите возрасни луѓе ако воведат три оброци со јогурт без маснотии - губат 22% повеќе од тежината и 61% повеќе од телесните маснотии за разлика од оние кои не внесуваат доволно калциум со исхраната. Оние кои пијат јогурт губат 81% повеќе маснотии од стомакот отколку оние кои не го пијат.

Професорот Мајкл Земел (Michael Zemel), нутриционист од Универзитетот во државата Тенеси вели дека ваквата диета е два пати поефикасна за одржување на мускулната маса, бидејќи кога се држи диета луѓето сакаат да изгубат масно, а не мускулно ткиво.

Во клиничката студија научниците испитувале 34 здрави, но дебели испитаници кои ги поделиле во две групи. Испитувањето траело 12 недели.

Првата група испитаници пиела три пати на ден по 180 грама јогурт без маснотии, обезбедувајќи при тоа околу 1.100 милиграми калциум дневно.

Другата група добивала само по една порција јогурт и обезбедувала калциум од 400-500 милиграми дневно. Двете групи внесувале по 500 калории помалку од вообичаено за да се стимулира губитокот на телесната маса.

Како и што се очекувало, двете групи испитаници изгубиле телесна маса, но тој губиток бил поголем кај групата која пиела повеќе јогурт. Испитаниците кои пиеле по една порција јогурт дневно во просек изгубиле пет килиграми за 12 недели, додека испитаниците кои пиеле по три јогурти дневно изгубиле во просек по шест килиграми за истото време.

Чаша јогурт без маснотии ви дава доволно белковини,  витамин Б12, калциум, цинк и останати хранливи состојки кои тешко ќе ги најдете во друг вид храна на едно место. Јогуртот има само 140 калории и има големо значење во одржувањето на цревната флора.

Би можело да ве интересира:

Цисти на јајници: Симптоми и начини на лекување - дали влијаат врз забременувањето и кога е потребна... Силна болка во стомакот и грбот, подуеност, брзо и плитко дишење, зачестено мокр...
„40 дена пиев само сок од портокал и не јадев ништо - се чувствувам многу поздраво“ Жена од Австралија која 40 дена не консумирала ништо освен сок од портокал, вели...
Жени откриваат: „Што посакувам да знаев порано за сексот и женското здравје?“ „Може ли да зборуваме за менструација додека сме помали? Јас добив менструација ...
Го подобрува расположението и уште 4 придобивки од кромидот Знаевте ли дека кромидот може да делува како природен антихистамин кај некои луѓ...
Кои се најчестите симптоми на рана менопауза и зошто се јавува? Кога менопаузата се јавува пред 45-тата година од животот, тогаш се нарекува ран...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам ни да ја погледнам ќерка ми – дали имам постпородилна де... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg