|
|
|
Денес речиси на сите ни е пореметен биоритамот. Дење работиме, ноќе шетаме, малку спиеме, нередовно јадеме, и сето тоа води до здравствени...
...последици. Дури 8 од 10 здравствени проблеми можат да се решат дома. Треба само да знаете како да се грижите за своето здравје 365 дена во годината.

Дневно
- Станете половина час порано и доручкувајте.
- Јадете 5 пати на ден, помали оброци.
- Меѓу оброците јадете свежо овошје и зеленчук или тазе исцеден сок.
- Не јадете непосредно пред да спиете.
- Испијте 2 чаши млеко и 8 чаши вода.
- Испијте најмногу 2 чаши кафе.
- Одвојте барем половина час за себе – одмарајте, читајте, слушајте музика, правете го она што го сакате.
- Вежбајте, шетајте, трчајте.
- Заборавете на пушењето.
Неделно
- Контролирајте ја тежината.
- Вежбајте 2-3 пати по 40 минути.
- Читајте новости за здравјето.
Годишно
- Прегледајте ги забите и крвната слика.
- Жените – гинеколошки преглед.
Сподели на
Би можело да ве интересира:
 |
|
|
Онака
" Луѓето ретко ги гледаат несигурните и болни чекори со кои се постигнува најбезначајниот успех... "
Ени Саливан
|
|