|
|
Здравје
|
Во летниот период нема ништо подобро од освежителен пијалок или десерт. За љубителите на вкусот на малините, овој пат ви нудиме рецепт за тоа како да...
...приготвите сладолед од малини.
За четири лица потребно ви е:
- 400gr свежи малини
- 3 лажици шеќер во прав
- 1 лажица сок од лимон
- 250ml слатка павлака
- две кесички ванилин шеќер
Начин на подготовка:
Убаво измијте ги малините, а потоа 350gr од нив измиксирајте ги во блендер. Во добиената каша додадете шеќер и сок од лимон.
Матете ја со миксер слатката павлака, додадете го и ванилиниот шеќер, кашата од малини и мешајте додека не довиете убава смеса.
Потоа оставете ја да се олади во ладилникот, а пред послужување украсете ја чинијата со остатокот од малините.
 На здравје!
Би можело да ве интересира:
 |
|
|
Онака
" За среќен живот е потребно многу малку. "
Марк Аврелиј (121-180)
|
|