6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење

Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата свежина? Со овие 6 совети (кои можеби и ги знаете) вашата облека ќе остане снежно бела долго време.

6-soveti-so-koi-belata-obleka-kje-vi-ostane-snezhno-bela-dolgo-vreme-01_copy.jpg

Белата облека со текот на времето ја менува бојата и станува потемна.

А кога не е бела како снег, веќе и не ви е мерак да ја носите. Токму затоа многу луѓе се решаваат за потемни парчиња, а во својот плакар чуваат само една бела кошула.

Дури и да е така, постојат неколку трикови кои може да ги користите при перење, за белата облека да не ви потемнува.

Секако, не сите се гаранција дека парчињата облека никогаш нема да ви променат боја, но можете да се обидете. 

Кои се тајните за белата облека да остане бела?

Свртете ја облеката наопаку пред перење

Дури и кога ја перете облеката според упатството на етикетата, таа почнува да ја менува бојата.

Факт е дека машината за перење може да го уништи материјалот и белите работи да станат „валкано бели“ или „жолто бели“.

Но, ако ја свртите облеката наопаку пред перење, белината на алиштата ќе се задржи подолго.

6-soveti-so-koi-belata-obleka-kje-vi-ostane-snezhno-bela-dolgo-vreme-08.jpg

Перете ги често, но со помалку прашок

Белите парчиња се валкаат многу брзо, па затоа треба да се перат почесто. Но, кога ги перете, не претерувајте со прашокот.

Ако ставите премногу прашок, тој нема целосно да се испере, а на облеката ќе останат остатоци, кои ќе се акумулираат во материјалот.

Ова, со текот на времето, ќе почне да ја менува бојата на белите парчиња облека и таа ќе стане потемна.

За да го избегнете овој проблем, кога перете бела облека користете само малку прашок, колку само да ги освежите алиштата.

И запомнете - кога е во прашање белата облека, прашокот во гранули е многу посоодветен отколку течниот детергент.

6-soveti-so-koi-belata-obleka-kje-vi-ostane-snezhno-bela-dolgo-vreme-02.jpg

Ставајте белило во машината

Повремено во машината за перење ставете и малку белило, кое ќе им даде нова свежина на потемнетите парчиња.

Но, изберете „помек“ производ, без многу хлор во составот, кој би можел да ја уништи и да ѝ направи дупчиња на облеката.

Наместо белило, можете да користите и сода бикарбона, и да ставите 1-2 лажички сода во прашокот пред да ја пуштите машината да пере.

6-soveti-so-koi-belata-obleka-kje-vi-ostane-snezhno-bela-dolgo-vreme-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
Трикови и совети за најчестите проблеми во кујната и домот Отстранете го восокот од свеќи со коцка мраз и исчистете го мијалникот со средст...
Како да ја „спасите“ овенатата марула и уште 9 корисни кујнски трикови Како најлесно да ги исечете печурките, но и како да ја „спасите“ овенатата краст...
Облека и работи во домот што ги уништувате ако ги перете многу често За разлика од спортскиот градник за вежбање и костимот за капење, обичниот градн...
Грешки со кои ѝ го скратувате животниот век на машината за садови Промената на начинот на користење на машината за садови може драстично да го про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg