На гости кај Моника: Семејна куќа во Охрид во далматински стил со 1.000м2 камен и млади дрвца маслинки (фото)


На гости кај Моника: Семејна куќа во Охрид во далматински стил со 1.000м2 камен и млади дрвца маслинки (фото)

„Мојот сопруг е од Хрватска и сакаше што повеќе да ја донесе Хрватска во нашиот крај. Куќата во Охрид ни е на едно ниво - околу 120м2, камени патеки ја обиколуваат целата куќата, а нејзиниот стил е комбинација на модернистички и рустикален, а голем дел од фасадата е со големи прозорци“, вели Моника Коцарева Ергич.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-01.jpg

Моника Коцарева Ергич од Охрид работи како дизајнер во своето модно ателје веќе 5 години. По професија е магистриран инженер архитект, така што најмал проблем за неа претставувало проектирањето на нејзината куќа во Охрид, како и ентериерното уредување.

Нејзиниот сопруг е од Хрватска така што големо влијание во екстериерот на нивниот дом имал далматинскиот рустичен стил.

За уредувањето на нивниот дом Моника открива за CRNOBELO.com:

„Мојот сопруг Бранко сакаше што повеќе да ја донесе Хрватска во нашиот крај, па така нашата куќа ја обиколуваат 1.000м2 камен како и млади дрвца маслинки.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-15.jpg

Дворот сè уште го средуваме, но пред дневната соба се наоѓа базенот кој е во изработка, а веднаш до него е летниковецот со фурна и скара.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-02.jpg

Камени патеки ја обиколуваат целата куќата, а нејзиниот стил е модернистички со цел да направиме еден спој на модерно и рустично. Голем дел од фасадата зафаќаат големите прозори со што имавме за цел повеќе да се поврземе со природата.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-17.jpg

Куќата е на едно ниво – околу 120м2 додека дворната површина е доста голема и зафаќа околу 900м2. Куќата содржи три тоалети, две спални соби, и голема дневна соба споена со кујна.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-04.jpg

Кога станува збор за ентериерот тука целата доверба ми беше препуштена на мене. Имав за цел да употребувам земјени тонови во дневната соба за да се чувствува топлина и мирен амбиент во домот. Гарнитурата е мешавина од скандинавски стил (кремавата фотеља) и рустичен стил (темно зелените елементи).

Во непосредна близина на гарнитурата е ѕидот од цигла, кој е шарен со цел да ја разбие монотонијата.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-05.jpg

Подот е со 15мм дебелина и изработен е од дабово дрво.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-07.jpg

Трпезариската маса е од метал и стакло, како и столиците кои се многу удобни – како фотелји и исто имаат метални ногарки.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-09.jpg

Повторно за уметничката сликата која сама ја насликав ги употребував земјените тонови. На неа е претставен бик кој за мене претставува борбеност, упорност, сила и моќ.

na-gosti-kaj-monika-semejna-kukja-vo-ohrid-vo-dalmatinski-stil-so-1-000m2-kamen-i-mladi-drvca-maslinki-foto-10.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На гости кај Ива од Битола: Розов дом во Барби стил (фото) Ива, која работи како судија – поротник при Апелационен суд Битола, смета дека д...
На гости кај Наташа: Семејна куќа во Битола со детали во силни бои (фото) „Бидејќи бев сигурна дека сакам сѐ во мојот дом да биде во црно-бела боја за да ...
На гости кај Моника: Стан во Скопје со нежни бои и „направи сам“ проекти (фото) „Нешто што знаев дека морам да го имам во мојот стан беше честерфилд софата во м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg