Работа


Отворена работна позиција: Forum Manager

forum-manager.jpg

Ако си љубител и иницијатор на дискусии од секаков тип, истражуваш и си член на онлајн форуми, во друштво си познат/а како подвижна „енциклопедија“ затоа што секогаш имаш одговор за сè и сакаш да проаѓаш време онлајн – ти си личноста која ни треба!

Потребни вештини:

  • Искуство со онлајн комуникација на форуми како корисник, модератор или community manager.
  • Умешен во зголемување на интеракција и комуникација.
  • Успешен иницијатор на тематски дискусии со обемно познавање на повеќе теми и желба за истражување.
  • Активен корисник на социјални медиуми кој ги следи популарните теми.
  • Способност да креира динамичнo, привлечно On-line искуство за корисниците на форумот.
  • Брзо ги идентификува и реагира на моменталните трендови.
  • Подготвеност да ги научи основните технолошки функции на форумот.
  • Трпелив, добар слушател, толерантен.

Активности:

  • Прави анализа на раст и поставува месечни таргети и следи посетеност.
  • Поттикнува интеракција и дискусија, креаира нови форуми.
  • Привлекува нови членови.
  • Бира и менаџира модератори.
  • Ги охрабрува учесниците да споделуваат локални новости, прашања, идеи, препораки, мислења.
  • Одговара на прашања и поплаки од членови.
  • Редовно следење на сите форуми во Македонија.
  • Следи светски трендови за форуми и дава иницијатива за промени.

*Доколку сметате дека би биле соодветни за оваа позиција, аплицирајте со CV и мотивационо писмо зошто сметате дека сте соодветни за оваа позиција на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 06.10.2020.

** Работа од дома / работно време: по договор

*** Некомплетните апликации нема да се разгледуваат.

Најчитани неделава