4 брзи рецепти од ТикТок и Инстаграм кои вреди да се пробаат

Ако немате ни време ни нерви да правите суши, можете да искористите калап за мафини за истите состојки.

4-brzi-recepti-od-tiktok-i-instagram-koi-vredi-da-se-probaat-01.jpg

На ТикТок и Инстаграм има безброј брзи рецепти кои изгледаат вкусно, но факт е дека голем дел од нив не ни вреди да пробате да ги направите.

Сепак, постојат и оние кои се навистина вкусни, а не одземаат многу време.

Четири брзи рецепти од Инстаграм и ТикТок кои се навистина добри:

Печени американски палачинки

Наместо да „висите“ над шпоретот и да ги правите палачинките една по една, со овој рецепт можете да го испечете тестото во тава, како една голема палачинка.

Потребни состојки:

  • 370g брашно
  • 2 лажици шеќер
  • ½ лажичка сол
  • 1.5 лажици прашок за печиво
  • 500ml млеко
  • 2 јајца
  • 4 лажици растопен путер
  • 1 лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка

  • Измешајте ги сувите состојки, па додајте ги млекото, јајцата, растопениот путер и екстрактот од ванила. Мешајте додека не добиете хомогена смеса
  • На плех ставете хартија за печење, па истурете го тестото. Можете да додадете и овошје како банани јагоди, па и парчиња чоколадо.
  • Печете 15-17 минути на 180 степени Целзиусови.
  • На крај, исечете ја „палачинката“ и послужете.

4-brzi-recepti-od-tiktok-i-instagram-koi-vredi-da-se-probaat-05.JPG

Суши мафини

Ако немате време и нерви да правите суши, а ви се допаѓа вкусот, можете да искористите калапи за мафини.

Состојките треба да ги одредите „од око“, во зависност од тоа колкави калапи имате.

Потребни состојки:

  • Варен ориз
  • Лосос
  • Листови од алги за суши
  • Млад кромид
  • Авокадо
  • Масло од сусам
  • Соја сос
  • Мед
  • Сусам
  • Други зачини по желба

Начин на подготовка

  • Исечкајте го лососот на коцки и измешајте го со една лажица масло од сусам, една лажица соја сос, мала лажичка мед, зелен кромид и зачини.
  • Исечете ги листовите алга во коцки поголеми од калапите за мафини, па ставете по една коцка во секоја дупка за мафин.
  • Додајте го оризот, па лососот, па запечете ги, додека да се зготви лососот.
  • Откако ќе ги извадите од рерна, ставете по едно мало парче авокадо врз секој „мафин“ и додајте сусам.

4-brzi-recepti-od-tiktok-i-instagram-koi-vredi-da-se-probaat-04.JPG

4-brzi-recepti-od-tiktok-i-instagram-koi-vredi-da-se-probaat-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Шеќерни крофни со цимет и путер, меки како душа Крофните со шеќер, цимет и путер се најмеките крофни што некогаш ќе ги пробате. ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Направете домашно тесто за пица, исто како од ресторан Потребни ви се само неколку состојки за и дома да направите совршено тесто за пи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg