Рецепт за најубавиот старински колач со кајсии – се топи во уста

Сигурно се сеќавате на вкусот на најубавиот старински колач кој го правеа нашите баби во сезоната на кајсии - сега може да го направите сами многу лесно овој мек десерт кој се топи во уста.

recept-za-najubaviot-starinski-kolach-so-kajsii-se-topi-vo-usta-01.jpg

Личи на погача, покриен е со кајсии и има неодолив вкус, кој потсеќа на детството и времето поминато на гости кај нашите баби. 

Се подготвува многу лесно, со мешање на сите состојки и печење во калап. 

Потребни состојки (за калап со големина 20х20):

  • 3 jajцa
  • 200g шеќер
  • 180ml масло
  • 240ml јогурт
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 250g брашно
  • 15-тина кајсии, поделени на половини

За смесата за раздробување одозгора:

  • 80g брашно
  • 3 лажици шеќер
  • 40g ладен путер

Начин на подготовка:

  • Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер додека не станат бели, додадете ги маслото и јогуртот и продолжете со мешање.
  • Додадете го брашното низ сито, како и прашокот за печиво и ванилиниот шеќер и измешајте ја убаво смесата.
  • На хартија за печење истурете ја смесата и распоредете ја убаво насекаде.
  • Наредете ги одозгора кајсиите една до друга низ целата смеса.
  • Во друг сад, измешајте ги состојките за одозгора, стискајте ги со рака и раздробете ги врз смесата со кајсиите.
  • Ставете да се пече 1 час во загреана рерна на 170°С.

Погледнете видео постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg