Што се служи на празничната трпеза за Нова година во земјите низ светот? (фото)


Што се служи на празничната трпеза за Нова година во земјите низ светот? (фото)

Од полнета мисирка до ракчиња и остриги, празничните традиции во земјите низ светот навистина се разликуваат.

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-001.jpg

Веќе е добро познато дека Нова Година во Македонија не може да помине без руска салата, кифлички и печено месо, но какви традиции има за овој празник во земјите низ светот?

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-18.jpg

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-19.jpg

Некои јадат морска храна, други сушено месо и уникатни десерти.

Од Непал до Мексико, еве како изгледаат празничните трпези низ светот:

Данска

Данците на маса традиционално служат гуска полнета со сушено овошје или печено свинско со компири и црвена зелка. За десерт оризова каша со желе и печени бадеми.

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-12.jpg

Непал

Слават во април со театарска изведба со музички инструменти. Се служи традиционална непалска храна „baht“ подготвенa од леќа, домати, кромид, ѓумбир, ориз и зачини.

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-04.jpg

Италија

Во Италија се служи свинско месо, обично со леќа, која е симбол на долговечноста. Месото го дели на парчиња газдата на домот со неговите раце.

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-02.jpg

Мексико

Како и секогаш, и за Нова година во Мексико се служи зачинета храна. Тие служат „ romeritos“, чии главни состојки се ракчиња и компири, потоа полнета мисирка, пченка, грав и колачиња.

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-05.jpg

Англија

Традиционално се служи полнета мисирка со гарнир од зеленчук и пудинг за десерт. Пред сервирањето пудингот се полева со рум и се пали.

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-13.jpg

Виетнам

Во Виетнам Нова година се слави со традиционална трпеза со ориз и месо. Се прават чудни комбинации како свинско месо во кокосово млеко или пита со лисја од бамбус и микс на ориз и месо.

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-01.jpg

Франција

Француската трпеза не може да се замисли без традиционалните остриги, сирења и, се разбира, француско вино.

shto-se-sluzi-na-praznichnata-trpeza-za-nova-godina-vo-zemjite-niz-svetot-foto-06.jpg

Уште 7 земји на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Храна која ќе биде хит во 2018 Чиа семето и смутито од зелено овошје веќе нема да бидат во тренд, иако тоа не з...
Каква храна може да се најде на менито на Кејт Мидлтон? Во кралското семејстово, постојат многу правила и навики кои членовите ги следат...
Дали е добро да се јаде лута храна во лето? Иако ви се чини дека лутата храна не е е соодветна за во лето, сетете се дека во...

Најчитани неделава