Лесно и вкусно: Мини залчиња со лубеница и фета сирење

Сезоната на лубениците веќе започна и не можеме да бидеме посреќни. Бидејќи кој не сака лубеница? Слатка, вкусна, со малку калории и многу свежина, време е да ја употребите кралицата на летните овошја во еден малку поинаков рецепт.

Mini-zalcinja-so-lubenica-i-feta-sirenje-01.jpg

Овие мини залачиња совршено го комбинираат слаткото и соленото.

Покрај неверојатниот вкус, мини залчињата изгледаат прекрасно и се прилично фотогенични.

Потребни состојки:

  • 2 лажици густ балсамико оцет
  • 1 лубеница со средна големина, исчистена од семките и исечкана на мали коцки
  • 150 g фета сирење, исечено на помали коцки (третина од оние од лубеницата отприлика)
  • Свежи ливчиња босилек

Mini-zalcinja-so-lubenica-i-feta-sirenje (1).jpg

Начин на подготовка:

1. На чинијата за сервирање истурете го балсамико оцетот.

2. На дрвено или декоративно стапче ставете една коцка лубеница, ливче босилек, коцка фета сирење и завршете со уште една коцка лубеница.

3. Откако ќе ги направите сите залчиња од лубеница и фета, сервирајте ги над истурениот балсамико оцет и уживајте во вкусот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg