Во кујната на Бранко: Есенски десерт со круши во црвено вино и џем

Студеното време ни најави дека е време домот да замириса на есенски рецепти кои ќе ни ја стоплат душата. Бранко овојпат зготви круши во сос од црвено вино, послужени со мелени ореви и џем. 

vo-kujnata-na-branko-esenski-desert-so-krushi-vo-crveno-vino-i-djem-001.jpg

Среда е ден за рецептите на Бранко од Cooking with Branko за CRNOBELO.com, а со денешниот десерт е време да ја најавиме официјално и есента.

За крушите во сос од црвено вино се потребни помалку од 50 минути, 

Потребни состојки:

  • 10 круши
  • 750ml црвено вино
  • 1 ловоров лист
  • 1 мала лажичка бибер
  • 1 мала лажичка цимет
  • 100g кафеав шеќер
  • 1 мала лажичка мелена мајчина душица
  • Џем од портокал и мелени ореви за декорација

Начин на подготовка:

  • Крушите измијте ги, излупете ги и оставете им ги дршките, ставете ги во сад, а лушпите не ги фрлајте. 
  • Во друг, огноотпорен сад или тенџере измешајте ги виното, шеќерот, другите состојки и лушпите од крушите. Ставете на оган и чекајте да зоврие виното.
  • Внимателно додадете ги крушите во виното да се варат 10 минути на една страна, па потоа уште 10 на другата.
  • Крушите ќе бидат готови после 20 минути варење на послаба температура, но ќе внимавате да не ја изгубат формата.
  • Потоа ги оставате да се оладат во самото вино. За биде погуст сосот од виното можете да го оставите во фрижидер пред да послужите.
  • Декорирајте со лажичка џем од портокал, мелени ореви и лист свеж босилек.

vo-kujnata-na-branko-esenski-desert-so-krushi-vo-crveno-vino-i-djem-02.jpg

vo-kujnata-na-branko-esenski-desert-so-krushi-vo-crveno-vino-i-djem-05.jpg

vo-kujnata-na-branko-esenski-desert-so-krushi-vo-crveno-vino-i-djem-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Во кујната на Бранко: Крем чорба од цвекло и доматно пире Во студените есенски денови, нема ништо што повеќе ќе ви ја стопли душата, од вк...
Во кујната на Бранко: Ролни од тиквици во сос од зеленчук Ви пренесуваме вкусен ручек од кујната на Бранко... Ролни од тиквички полнети со...
Десерт на денот: Меки брауни колачиња со Нутела – ќе ги направат и неискусните Љубителите на меки колачиња кои се топат во уста ќе се опседнат со овој рецепт з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg