Никола од Струмица прави ремек-дела од торти: „Имаме направено торта висока 3 метри – ја подготвувавме 2 месеца“

„Еднаш правевме голема свадбена торта за во Струга и при транспорт, се оштети декорацијата на најдолниот дел од тортата. Најдов локална вешта жена, што ни помогна експресно и умешно да ја санирам. Ја доведовме до такво совршенство пред да биде изложена, што никој ништо не забележа“ - Никола од Струмица кој долго е дел од слаткарскиот бизнис и создава ремек-дела од торти раскажува детали за работата за CRNOBELO.com

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-01.jpg

Никола Ристов од Струмица пораснал со бизнисот на неговата мајка, слаткарница, а кога пораснал, по неговите студии, тој решил да се приклучи на семејната приказна. 

Тој работи како Дизајн Директор во слаткарницата, а неговата умешност е отсликана на совршените торти по кои се препознатливи во Струмица, но и пошироко. 

Неговиот Инстаграм профил е преполн со торти кои на прв поглед личат на вистински уметнички дела или украси, а во нив се крие слатко задоволство направено од вештите раце на неговиот тим. 

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-03.jpeg

За тоа колку е тешко да се направат декорации на торта, колкав е рокот на траење и од каде талентот, Никола раскажува за CRNOBELO.com...

Колку време си дел од слаткарница Канела и која е приказната зад тоа?

Цел живот, би можел да речам слободно. Канела Струмица не е само шеќерна приказна, туку и семејна.

Основана е од страна на мајка ми, во далечната 1997 година. Како што јас растев со Канела, потоа Канела продолжи да расте со мене.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-10.jpeg

Од кога работиш во слаткарскиот бизнис како дизајнер на торти? Како дојде до таа работа и од каде љубовта кон оваа професија?

Професионално и официјално приказната со мене и Канела Струмица започна после студиите за Дизајн и уметност.

Имаше еден клучен момент во тие години кога се двоумев дали да почнам нешто сосема ново во областа на дизајнот или да ѝ се придружам на мајка ми и нејзиниот тим и да помогнам семејната приказна да ја доведеме до совршенство.

Евидентно се одлучив за второто и еве нè сега тука.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-09.jpeg

Како се усоврши во создавање ремек-дела од тортите? Каде го учеше занаетот и колку време ти требаше?

Создавањето на нашите ремек дела е еден комплексен процес што вклучува идеја, фантазија, креативност, голема посветеност и секако неизбежниот добар тим. 

Обемот на работа и побарувачката е преголем за моиве две раце.

Јас сум мозокот зад приказната, но за да дојдеме до моментот да ви ги испорачаме тортите во бараниот облик, дизајн и совршенство – зад мене стои еден голем тим на добро координарини и вешти луѓе со точно одредени задачи во текот на постапката на изработка.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-12.jpeg

Дали ти ги правиш целосно тортите или само декорирањето?

Целосно никој не прави ништо… Секој си има свој дел во работата за да излезе совршен производ, но моја слаба страна е декорацијата и уметноста.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-2.jpg

Дали цртежите на некои од тортите ги правиш и рачно? Колку е тоа тешко и што се случува кога ќе згрешиш?

Уметноста што ја презентираме преку тортите во голема мера е дарба што со годините ја усовршивме.

Добар дел од тортите се цртаат и рачно, нешто што бара голема прецизност, брзина и умешност.

Но, покрај уметност, изработката на тортите е и еден вид на занаетчиство што се учи и усовршува преку праксата.

За професионалноста на тимот што стои зад мене доволно зборува фактот дека добар дел од нив во оваа приказна се повеќе од дваесет години.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-002.jpg

Која торта ти била најтешка за правење и колку најмногу време си потрошил на подготовка?

Нема ништо апсолутно лесно. Скоро секогаш најмалите и ситните детали се едни од потешките за работа.

Но, ако веќе треба да издвојам нешто што ни е посебен предизвик – тоа секако би биле големите свадбени торти и тортите за првите родендени.

Во однос на временската рамка потребна за изработка ќе издвојам една торта со многу цветни декорации, висока три метра.

Ни требаа околу два месеци да ги изработиме цветните декорации за истата.

nikola-od-strumica-pravi-remek-dela-od-torti-imame-napraveno-torta-visoka-3-metri-ja-podgotvuvavme-2-meseca-11.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Кирјакула од Тетово е мајка на предвреме родено бебе: „Едно од близнаците не преживеа, цели 65 дена ... „Кога се разбудив по царскиот рез, ми кажаа дека имам две мали синчиња чиј живот...
Никола од Скопје живее во Русија: „Би сакал да се вратам во Македонија, но да имам достоен живот как... „Тука гасот е речиси бесплатен, а струјата е многу поевтина. Јас живеам во стан ...
Никола Поповиќ, стенд-ап комичар: „Публиката најмногу се смее на теми за работата во македонски фирм... „Пред првиот настап се борев во себе со она 'што ако се посрамам, па ќе им биде ...
„Мој омилен десерт е 'фореста нера' со пенливо розе“: Интервју со еден од најдобрите слаткари на све... Тој е еден од најдобрите слаткари во светот. Маестро Федерико Анцелоти неодамна ...
Скопјанецот Никола е физиотерапевт во кинескиот олимписки тим: „Ме тестираа 3 месеци, задолжен сум з... „3 месеци Кинезите ги тестираа моето знаење и стручност, но се докажав во 1-иот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg