Михаил Шемкоски од Скопје се пресели во село Зрзе: „Сакам да бидам модерен фармер со сопствено производство на храна“

Михаил Шемкоски (33) од Скопје е уште еден млад човек, кој реши да излезе од запурливиот асфалт и градскиот метеж и да живее во склад со природата, работејќи како модерен фармер - од Скопје се пресели во село Зрзе, каде одгледува пчели и кокошки. На својот Инстаграм профил @honeynomad го споделува своето секојдневие. 

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 2

За CRNOBELO.com, Михаил открива за животот во Зрзе, новите навики, исполнувањето и како животот му се променил на подобро…

Пред некое време направи голема промена во твојот живот, го напушти Скопје, ја остави сета бучава, метеж и забрзаното темпо и реши да се стокмиш во селото Зрзе.
Како дојде до одлуката да се отцепиш од сè она што ти беше познато и да си најдеш нов дом, поблиску до природата?

Верувам дека секој си лета во своето јато и дека секој е предодреден да има свое место во овој универзум. Одлуката беше лесна, со оглед на тоа дека веќе подолг период ме возбудува помислата за homestead живот, кој е особено популарен на запад и кој забележaв дека полека станува тренд и кај нас.

Воедно една од причините поради кои решив да се преселам во Зрзе е тоа дека сум голем вљубеник во природата, здравиот начин на живот како и плодната средина која ќе ми овозможи да го исполнам мојот животен сон, а тоа е да бидам модерен фармер со сопствено производство на храна.

Прво нешто што ми паѓа на ум кога ќе се спомене Зрзе е Зрзевскиот манастир, што ти се залепи толку до срцето од самото село и регионот, па реши својот дом физички да го дефинираш на тоа место?

Според мене, Зрзе е едно од најубавите села во Македонија. Селото е богато со природни извори, плодна земја, чист воздух, безбројни потоци, како и прекрасниот манастир „Св. Преображение“, кој воедно е и популарна туристичка атракција.

Со еден збор, во Зрзе ги имам сите услови кои ќе ми овозможат да поседувам сопствена фарма на која ќе одгледувам домашни животни, зеленчук, овошје, но и истовремено ќе ми овозможи да водам животен стил за кој долго време сонував.

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 11

Многумина велат дека не можеш да најдеш мир и спокојство во град, но со што се соочи ти во рурална средина?

Според мене, сметам дека сите сме различни. Секој со своите желби и потреби. Некому му одговара урбаниот живот, а некому руралниот живот.

Сметам дека дури и тие што живеат во урбаните средини, сакаат викендот да го поминат некаде на планина на чист воздух за да наполнат батерии за кога ќе се вратат во урбаните средини, да бидат освежени, одморени и духовно збогатени.

За мене, сфатив дека иако го сакам градот и сите активности кои ги нуди, сепак, себеси се пронајдов во руралниот начин на живот поради што тука сум многу попродуктивен и што после напорниот ден исполнет со безброј активности поврзани со мојата фарма, навечер си легнувам со големо задоволство знаејќи дека живеам во согласност со моите животни цели.

Како ти изгледаше секојдневието во Скопје, а како сега?

Да бидам искрен, во последната година, животот во Скопје ми стана некако едноличен. Со оглед на тоа што таму не можам да се занимавам со home-stead farming. Да не бидам погрешно сфатен, јас сум роден во Скопје и градот засекогаш ќе биде мојот прв дом.

Често го посетувам за да ги видам најблиските, но и да посетам одредени места кои ми се омилени. Сепак, поради мојата желба да се занимавам со фармерство, сфатив дека градот не може да ми ги овозможи тие услови и затоа се решив да дојдам во Зрзе.

Тука, секојдневието ми се состои најпрво од станување рано пред зори и пиење кафе гледајќи го изгрејсонцето.

Потоа појадувам органска храна свежо приготвена и воедно се подготвувам за работните обврски околу фармата; да ги нахранам кокошките, да ги проверам пчелите, да зготвам ручек, градежни обврски околу фармата и доколку сум расположен или имам гости на посета, да запалам огин на кој ќе приготвуваме колбаси на жарче со стапчиња и ќе раскажуваме интересни случки и животни анегдоти до доцна во ноќта.

Во Зрзе имаш занимација која те исполнува – одгледување на пчели и кокошки. Имаше ли некое предзнаење или беше препуштен сам, па немаше друг избор освен да се надоградуваш себеси од ден во ден?

Ти благодарам на комплиментот. Пчелар сум веќе трета година. На почетокот, имав помош од мојот драг ментор Љупчо од кој научив многу за пчеларството и кој воедно ми послужи како ветар во грб во соочување со сите почетни предизвици кои ги носи овој занает.

Во случајот со одгледување на кокошки, започнав самоиницијативно и се самоедуцирав со гледање видеа на Јутјуб, комуникација со други сопственици на живинарски фарми, и нормално, преку сопствено искуство.

Бидејќи сум љубопитна личност, понатаму планирам да додадам дополнителни активности, т.е. одгледување на дополнителни раси на животни, како и бавча со дигнати леј и слично.

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 14

Со кого комуницираш во селото? Како се расположени мештаните спрема некогашни урбани лица кои решиле да се преселат во нивните краишта?

По потекло сум од Зрзе од страна на мајка ми и бидејќи како мал повеќето од летниот распуст го минував во селото, горе-доле повеќето мештани и лично ме познаваат.

Со мештаните имаме одлична комуникација и дружба, а и неретко си помагаме меѓусебно за што и да треба. Бидејќи во мојата викендичка ги имам сите модерни услови како wi-fi интернет, технолошки гаџети и слично, на повеќето мештани им годи тоа што имаат со кого да разговараат, но и од кого можат да научат повеќе за модерното фармерство, што секако им ги олеснува и модернизира начинот на кој функционираат и работат.

Целта ми е да ги инспирирам, бидејќи јас сакам да бидам во тек со модерното фармерство и со тоа да придонесам преку иновирање на нови начини на работа, животен стил и сл.

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 7

Кои се првите воочливи промени што ги забележа откако се пресели во Зрзе?

Најпрво, станав попродуктивен. Стекнав нови навики како станување рано пред изгрејсонце и зграпчување на денот, приготвување на свежа и органска храна и сл.

Работењето на сопствена фарма е нешто што многу ме исполнува. Чувствувам дека сум посреќен, физички поактивен, а тоа несомнено придонесе да уживам повеќе и да бидам повеќе присутен во сегашниот миг.

Овој начин на живот е прилично едноставен, но и исполнет со предизвици кои ме тераат континуирано да се надоградувам.

Воедно научив да ја почитувам природата и да се радувам на малите нешта кои се дел од нашето секојдневие, а на кои најчесто обрнуваме најмалку внимание.

Ти недостасува ли нешто од животот во Скопје?

Скопје за мене секогаш ќе биде најубавиот град на светот. Секако дека некои работи ми недостигаат. Најмногу прошетките по кејот на Вардар, возењето на мојот велосипед низ градот, одличната храна и богатиот социјален живот.

Сепак, бидејќи од време на време го посетувам и сите овие активности ги негувам, затоа и не приметувам некоја голема разлика во промената на живеалиштето.

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 3

Колку е важно за модерниот човек што е можно повеќе да се поврзе со природата?

Според мене, живеењето во склад со природата ни овозможува да го одржуваме екосистемот, но и придонесува да се чувствуваме посмирено, поисполнето и попризејмено.

Џоел Салатин, кој е најпознатиот фармер на светот и мој идол, ни советува дека треба сами да ја растеме и приготвуваме сопствената храна.

Бидејќи на тој начин сме проактивни и ја чувствуваме таа првобитна цел на нашите предци, а со тоа и самите да сме способни да се прехраниме и да функционираме на природен начин.

Не треба да заборавиме кои сме и од каде потекнуваме. Првобитниот живот на човечката заедница ги вклучувало сите овие активности кои јас секојдневно ги работам на мојата фарма.

Не треба да бидеме пасивни набљудувачи на животот и сите намирници да ги купуваме од пазар или од маркет.

Убавината лежи во тоа да се вратиме на нашите основни човечки потреби, па макар и тоа да биде одгледување на сопствено овошје и зеленчук во нашиот двор, со што самите ќе почувствуваме дека нешто придонесуваме за сопственото физичко и ментално здравје.

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 6

Веројатно животот на село те научи на многу нови нешта, што обожаваш да готвиш сега?

Имам среќа што за ментор за приготвување на исхрана ја имам мојата мајка Мама Роуз, која има сопствена домашна емисија за готвење на каналот Јутјуб која се вика Homemade Kitchen Show.

Во емисијата има претежно вкусни традиционални домашни рецепти кои обожавам да ги приготвувам тука на село.

Така да научив да готвам тавче ориз со пилешко, мусака, вкусни свежи салати како и други интернационални јадења.

Често забораваме на себеси, а природата е тука да не потсети на заборавеното, што ти помогна твојот престој во Зрзе да извлечеш од твојот внатрешен свет?

Во текот на животот, често знаеме да залутаме во различни правци и да заборавиме на своето вистинско јас. Живеењето во Зрзе ме научи повеќе да се ценам себеси и да верувам во своите способности.

Воедно ме научи и да живеам во склад со моите вистински вредности и животот да го гледам како една авантура во која ќе искусиме секакви предизвици, лоши и добри, но и ќе најдеме начин како да се избориме за своето место во универзумот и со кој ќе придонесуваме за подобрување на целокупното општество, во негување здрави односи со сите луѓе, како и негување на сопственото физичко и ментално здравје, со цел да го направиме светот подобро место за живеење и со тоа да оставиме вредно наследство на идните генерации.

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 4

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 4

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 4

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 4

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 4

mihail semkoski se preseliv vo zrze zasto sakam da sum poblisku do prirodata i da bidam farmer so sopstveno proizvodsvo na hrana 4

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар од Скопје живее во ашрам во Индија: „Се будиме во 5 наутро, по ладниот туш следи јога, а навеч... „Се станува околу 5 часот, следува ладен туш и почнуваме со различни јога вежби ...
Дарко Трајковски, сликар и тату артист: „Живееме во многу брзо време, не треба да не се потпираме са... Дарко Трајковски од Куманово е сликар и тату артист, кој според приказните на ма...
Марија Прличкова за паничните напади и анксиозноста: „Често го замислувам најцрното сценарио на раб... „Јас низ целиот живот, практично уште од дете, доживував различни симптоми, од п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg